КАДЕ ВИ СЕ МАИЦИТЕ СО КРАТКИ РАКАВИ - викендов за прв пат ќе го почувствуваме летото, Попоски најавува и до 30 степени
Објавено во: Македонија 26 Март, 2024 10:14
До четврток времето во Македонија ќе се задржи многу променливо со чести повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со повремено засилен ветер од јужен правец. Локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст, пишува во својот најнов пост метео прогнозерот Славчо Поповски.
Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот, кога нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса со потекло од северните предели на Африка. Тогаш температурите ќ се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени, особено за време на викендот кој доаѓа.
Значи за време на викендот не очекуваат рано – летни температури на воздухот, кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, а времето ќе биде значително постабилно и релативно суво, со многу повеќе сончеви периоди.
Се на се, за време на викендот слободно граѓаните ќе можат да се шетаат по кратки ракави.
Во регионот пак температурите локално ќе надминуваат и 30 степени.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




