19 Декември, 2025
0.0657

Каде вози „Македонски Железници Транспорт“?

Објавено во: Економија 10 Септември, 2020 06:57

Добивај вести на Viber

Државната железничка транспортна компанија повторно и лани е во загуба од 6,6 милиони евра и покрај тоа што од државниот буџет лани примиле дотација од 7 милиони евра. До крај на 2019 година нејзините вкупни обврски се над 90 милиони евра од кои тековни обврски се над 60 милиони евра. Финансиските податоци покажуваат дека ЖРСМ Транспорт е „жив песок“ за провајдери на услуги и добавувачи, а дека компанијата вака поставена е камен околу вратот за секоја македонска влада

Државната транспортна железничка компанија и лани не отстапила од својот континуитет – прокнижила загуба од работењето во износ од 6,6 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на единствената железничка траснспортна компанија. На крајот на минатата година обврските на ЖРСМ – Транспорт достигнале 92,7 милиони евра, а од тоа тековни обврски се повеќе од 60 милиони евра.

Оваа државна компанија лани превезла 1,8 милиони тони товар, нејзините локомотиви и возови превезле над 549.000 патници изминувајќи 1,7 милиони возни километри што е за 9 отсто послаб резултат во споредба со претходната 2018 година.

Патничкиот сообраќај е камен-околувратник!

Патничкиот сообраќај е најголемиот проблем на транспортната железничка компанија. Лани неговите приходи изнесуваат 745.000 евра, а по дотацијата од државниот буџет од 7 милиони евра оваа дејност на железничката компанија и продуцира загуба од 3,6 милиони евра. Значи реално гледано за да оствари приход од 745.000 евра патничкиот сообраќај создал загуба од 10,6 милиони евра. Официјалните податоци покажуваат дека само за нафта и за струја патничкиот сообраќај потрошил 1 милион евра. Значи приходите од карти не можат да ги покријат ниту трошоците за енергенси, а каде се платите, амортизацијата, трошокот на користење на пругите....

Наспроти него товарниот сообраќај работи во друг режим. Неговата реална загуба изнесува 2,9 милиони евра. Стоковиот сообраќај лани на друштвото му донел приход од 13 милиони евра и во структурата на приходи учествува со повеќе од 65 отсто. Вкупните расходи на товарниот сообраќај изнесувале 16,3 милиони евра.

Кои се најголемите расходи на железничката транспортна компанија?

Најголем трошок на компанијата лани е за користење на железничката инфраструктура за што на „братската државна фирма“ Инфраструктура. Транспортот за користење на пругите платил 7,36 милиони евра и тоа е за 3 отсто помалку од 2018 година. Втора најголема трошковна ставка се трошоците за 918 вработени во друштвото за што се исплатени 7,06 милиони евра. Амортизацијата трошокот на друштвото го крева за 5,5 милиони евра, а набавката на резервни делови и потрошен материјал за уште 712.000 евра што е за 15 отсто помалку од 2018 година. Значајна ставка се трошоците за енергенси. За погон на локомотивите и возовите компанијата користи дизел гориво и струја. За дизел гориво лани се платени 988.000 евра што е за 28 отсто повеќе од 2018 година. За електричните возови и за локомотиви лани е набавена и потрошена струја вредна 1,5 милиони евра што е за 48 отсто поголем трошок од претходната година.

Оваа државна транспортна компанија е соочена со огромни предизвици и повеќе од очигледно е дека и е потребна консолидација која опфаќа и непопуларни и социјално тешко прифатливи мерки. Лани друштвото вработило вкупно 117 лица, а во истата година фирмата ја напуштиле 97 лица. Во кадровата структура по број на вработени доминира подружницата Влеча на возови со 403 вработени пред Дирекцијата која брои 213 вработени. Подружницата Товарен сообраќај ангажира 181 лице, а големиот загубар подружницата Патен сообраќај ангажира 119 лица.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар