05 Декември, 2025
0.0565

Кафеанска сметка ќе може да се плаќа преку мобилен

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2012 14:31

Добивај вести на Viber

Ако склучите договор со мобилниот оператор, тогаш наместо во ќеш или со картичка, за купените производи ќе може да платите и преку телефонската сметка. Сепак треба да се внимава, сметката не смее да биде повисока од 1000 денари еднократно, ниту пак да ја надмине сумата од 6000 денари на месечно ниво. Овие законски измени треба да се воведат од крајот на оваа година, со што на македонските граѓани им се дозволува да плаќаат преку користење на мобилен телефон, интерент или кабелскиот провајдер. Како што денеска објави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со измените на Законот за платен промет се овозможува мобилните опрератори во договор со субјектите каде што ќе се вршат услугите да постават терминали и со приложување на мобилниот телефон на тие терминали, на ист начин како со кредитна картичка.Тој појасни дека плакањето ќе се врши така што се активира сметката на мобилниот телефон со внесување на пинот за плаќање на сметката, за на крајот на месецот трошокот да биде пресметан во фактурата од мобилниот оператор. Истото ќе може да се направи и преку сметките за кабелските и интернет провајдерите. Секој од нас, рече министерот, некогаш се нашол во ситуација кога се наоѓа на некое место, да речам во некој ресторан во ситуација кога сте заборавиле паричник, или немате со вас кредитна картичка и нема начин како да се плати сметката. Сепак, за да се користи оваа можност, корисникот треба да склучи договор со операторот. Од друга страна пак, сите оператори кои ќе сакаат да ја понудат ваквата услуга, претходно ќе треба да добијат одобрение од Народна банка преку исполнување одредени капитални и технички услови. Според Ставревски, ваквите договори се неопходни од причина што сакаат исто така да се сигурни дека платниот промет се извршува сигурно и дека нема да има злоупотреби,  технички и други проблеми.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември