18 Декември, 2025
0.0909

КАЈ НАС НЕМА СЛУЧАЈ НА МЕТАПНЕВМОВИРУС, НЕМА ДА БИДЕ РЕПРИЗА НА КОВИД: Д-р Злате Мехмедовиќ за Фактор

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2025 10:42

Добивај вести на Viber

Во првата недела од новата година, човечкиот метапневмовирус (HMPV) е во фокусот на светската јавност. Во Кина е забележан пораст на случаи на оваа респираторна инфекција, а вчера е регистриран и првиот случај во Солун.

Во Македонија, засега не се пријавени случаи на зараза со човечки метапневмовирус (HMPV), но вирусот веќе предизвика внимание во соседните земји, конкретно во Грција и на глобално ниво. Иако е познат и циркулира во зимските месеци, здравствените експерти во земјата нагласуваат дека нема потреба од паника. Според нив, вирусот не претставува сериозна закана, како што беше случај со пандемијата на Ковид-19, и најчесто доведува до релативно благи респираторни симптоми.

Карактеристики на вирусот:

Најчесто ги напаѓа малите деца, постарите лица и луѓето со ослабен имунолошки систем., но исто така, може да предизвика инфекции кај здрави возрасни лица.

Како се шири:

Преку директен контакт со заразени лица.

Преку капки кои се исфрлаат со кашлање или кивање.

Преку допир на површини каде што вирусот се задржал, а потоа допирање на очите, носот или устата.

Симптоми:

Благи: кашлица, треска, течење на носот, замор.

Посериозни: бронхитис, пневмонија, тешкотии со дишењето.

Симптомите обично траат 3–7 дена.

Кој е најзагрозен:

Бебиња и мали деца, особено под 5 години.

Постари лица, особено над 65 години.

Лица со хронични заболувања (на пр. срцеви или белодробни заболувања).

Лица со компромитиран имунитет.

Тек на болеста:

За повеќето луѓе, HMPV предизвикува блага инфекција која не бара медицинска интервенција.

Кај сериозни случаи може да биде потребна хоспитализација.

HMPV циркулира сезонски, обично во зима и пролет. Здравствените власти постојано го следат неговото ширење, особено кај популации каде може да предизвика сериозни компликации.

Во изјава за Фактор, портпаролот на Комисијата за зарасни болести, д-р Злате Мехмедовиќ потврди дека вели дека немаме потврден случај на овој респираторен вирус и според него нема потреба од паника

-Хуманиот метапнеумовирус не е нов вирус, истиот е откриен пред 23 години во Холандија кога биле потврдени неколку случаи на заболени деца со симптоми налик на грип. Вообичаено ги инфицира и прави компликации кај децата до 2 годишна возраст, но и кај имунокомпромитирани лица. Нема потенцијал за предизвикување на пандемија налик на пандемијата предзивикана со SARS Cov2 вирусот. Вообичаено циркулира во зимските месеци. Симптомите се како кај грипот - секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови. Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт, преку допир на контаминирани предмети па потоа допирање уста, нос, очи. Вообичаено дава горнореспираторни симптоми, поретко долнореспираторни. Вакцина за овој вирус не постои, а смртноста е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот. Компликациите од овој вирус се исклучително ретки, вели д-р Мехмедовиќ, нагласувајќи дека тие може да се јават кај деца под две години или кај лица со нарушен имунитет, додаде Мехмедовиќ.

Во Европската Унија цени дека во моментов нема потреба од подготовка за нова пандемија, а Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) ја следи ситуацијата внимателно.

-Можам да ве уверам дека во моментов не е неопходно во ЕУ да се подготвиме за нова пандемија, изјави портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство, Ева Хрнчирова. 

- Свесни сме за извештаите во медиумите и за ситуацијата во Кина. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) е многу внимателен во следењето на ситуацијата и за тоа ќе дискутира и Комитетот за здравство и состојбата ќе се следи и во наредните недели, нагласи Хрнчирова.  

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери