Кај нас од 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Јули, 2021
Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина.
Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат.
„Од 96 те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување“, велат од Министерството за здравство.
Нема ниту еден починат пациент со ковид, а кој има примено две дози вакцина.
foto unsplash.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.