Кај пациент во Турција е откриен необичен облик на коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 13 Септември, 2021 19:05
Во Турција e откриен необичен облик на коронавирусот и тоа кај педесет и двегодишен човек. Пациентот ги немал симптомите кои вообичаено се поврзуваат со болеста – како кашлица или висока температура.
Тој имал симптоми на вирусот кои се многу слични на симптомите на рак на белите дробови. На овој пациент кој живее во јужната турска провинција Кахраманмарас првично му е дијагностициран рак на белите дробови, но пред операцијата за отстранување на туморот, тој бил позитивен. По оздравувањето од инфекцијата, на изненадување на лекарите, немало траги на малигнитет.
Докторката Фатос Козанли, која го следела овој пациент, изјавила дека пациентот би можел да биде прв во светот заразен со таков облик на вирусот. Тој имал болки во градите кога бил хоспитализиран, кога било констатирано дека има тумор на десното белодробно крило. По прегледот му бил дијагностициран рак и му е закажана операција, која сепак била одложена кога тој добил позитивен резултат на тестот за ковид-19. Козанли, која требало да го оперира, ги направила последните снимки откако тестот на пациентот за ковид бил негативен. Тогаш докторката дознала дека пациентот воопшто нема тумор. Досега во светот се откриени повеќе соеви на вирусот, а сега доминира делта сојот кој се појави во Индија.
foto unsplash.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





