Кајчев: Свети Климент не паднал од небо, тој бил испратен во Охрид од кнезот Борис
Објавено во: Македонија 17 Август, 2022 20:07
Бугарскиот историчар Наум Кајчев, вели дека македонската наука сега ќе мора да ги прифати тезите кои преовладуваат во бугарската историја, барем што се однесува до средновековниот период.
Изјави дека тие тези се познати за бугарските граѓани, за бугарската образована јавност, но се многу непознати во македонското општество.
„Само една мала елита на историчари знае и признава дека сето тоа се случувало во средновековна Бугарија. Свети Климент не паднал од небо. Тој бил испратен во Охрид од кнезот Борис, а по него и Свети Наум, кој бил испратен од Цар Симеон”“, рече тој.
Кажа дека механизмот на вето може повторно да биде активиран доколку не се спроведе договореното.
Токму овој договор, вели Кајчев, го потенцира заедничкото минато на двете земји и дава надеж дека односите може да бидат подобри.
Во интервјуто на бугарската БТВ, Кајчев сепак проценува дека ќе претстои тешка работа во комисијата, но сепак се задоволни.
Договорено е да има промена на учебниците и пет историски личности заедно да ги чествуваме.Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




