17 Јануари, 2025
0.0279

Како аферата „Списоци“ на А1 ТВ беше збришана од етерот?

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Поминаа пет години од кога „пукна“ аферата „Списоци“ на А1 Телевизија, а скандалот за малку недостасуваше да замине во заборав. Документите во Јавното обвинителство за Марко Зврлевски да пожолтат и да се покријат со прав, а вистината и правдата да се закопаат засекогаш. Но, случајот повторно бувна вчера, откако Специјалното јавно обвинителство ги повика двете новинарки на тогашната А1 телевизија, Наташа Стојановска и Сашка Цветковска, да сведочат и да дадат исказ за овој подзаборавен предмет.

Цветковска и Стојановска на 9 мај, во централните вести на највлијателната телевизија, обелоденија како ВМРО-ДПМНЕ ги принудува граѓаните да врбуваат гласачи за претстојните парламентарни избори кои се одржаа на 5 јуни 2011 година.

Тие објавија дека поседуваат списоци со имиња и телефонски разговори со десетици луѓе,најголем дел вработени во јавната администрација, на кои им се преставуваа како да се јавуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните притоа отворено зборуваа дека гарантираат за 10 или 15 гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Дел од нив, како што тогаш беше обелоденето, биле уценувани да носат гласачи ако сакаат да си го задржат работното место или да бидат вработени, па дури добивале непристојни и нехумани понудиза  бесплатно ин – витро оплодување.

ВМРО-ДПМНЕ се закани со тужба, но никогаш не ја поднесе

Оваа сторија на А1 во предвечерието на изборите делуваше како земјотрес на политичката сцена, но на владејачката партија на чело со Никола Груевски, и требаше само малку време да се соземе од стресот. По само еден ден, на 1о мај 2011 Антонио Милошоски, соопшти дека владејачката партија ја замрзнува одлуката да не тужи новинари.

Милошоски рече дека медиумите на Велија Рамковски не им ги објавуваат демантите и дека нема одговори на нивните претставки од ЗНМ и затоа ќе почнат да тужат. Но, тоа не се случи. ВМРО-ДПМНЕ извојува победа на тие избори и заедно со коалицијата освои 56 пратенички мандати. Опозициската коалиција предводена од тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, се избори за 42 места во парламентот, но загуби на изборите. Оттогаш остана запаметена изјавата на Црвенковски, кој „попарен“ по соопштувањето на резултатите од гласање, на прес конфренција изјави:„Народот е секогаш во право, дури и кога греши“.

Гордана Јанкулоска во 2011 жртва, во 2016 осомничена

Во архивите на медиумите нема никаква трага од објавениот прилог на А1 телевизија. Не може да се најде ни во текстуална форма. Затоа што целокупниот архивски материјал на најстарата приватна национална телевизија беше запленет по затворањето на телевизијата и одземањето на фреквенцијата. Практично, А1 беше погребана, а со неа и материјалите за кои постоеше сомневање дека укажуваат на изборни нерегуларности за парламентарните избори во пред пет години.

Непосредно пред изборите, на 29 мај, тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за Радио Слободна Европа (http://www.slobodnaevropa.mk/a/24208349.html) тврдеше дека овие обвинувања се целосна измислиа и „масло“ на СДСМ.

„Ние бевме сведоци дека во јавноста еден од коалиционите партнери на СДСМ, А1 ТВ, излезе со некакви фиктивни списоци, меѓутоа морам да кажам како претставник на сериозна институции дека во МВР досега никој не пријавил ниту таков притисок, ниту постоење на било какви притисоци, единствено што можевме да чуеме е изјавата на потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој е и носител на листа, дека тие бараат и инсистираат секој член на СДСМ да донесе десет гласа како знае и умее. Така што во контекст на оваа шпекулација или манипулација која ја пласираше А1 ТВ како еден од коалиционите партнери на СДСМ, навистина не постои никаква потврда или било каков доказ кој би водел до таков заклучок“, изјави Јанкулоска за Радио Слободна Европа.

Шврговски отвори случај, доказите и натаму во нафталин кај Зврлевски

Јавното обвинителство, на чие чело тогаш беше Љупчо Шврговски, отвори предмет против непознат сторител за да утврди дали со објавените листи на лицата кои биле уценети и принудувани да гласаат за владеачката партија е сторено кривично дело. Неколкумина и беа повикани во обвинителството, Меѓутоа истрагата беше веднаш завршена со напомена дека не е откриено ништо сомнително.

Со тоа заврши неславно првата голема објавена афера за изборни нерегуларности. Иако, подоцна во својот извештај за изборите од 2011 година од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кои ги набљудуваа изборите, за наодите на новинарите од А1 напишаа дека претставуваат веродостојни докази за заплашувања и притисоци врз државните службеници. Но, случајот се затвори со образложение дека нема доволно докази. Се до вчера.

Кој ќе се спаси од бродоломот на „Титаник“

Новинарките Цветковска и Стојановска, не смеат да откриваат детали од истрагата, па откако дадоа исказ во Специјалното јавно обвинителство само кусо објаснија дека се повикани за аферата „Списоци“ во улога на сведоци.

„СЈО ни достави покани како сведоци. Во овој момент не можеме повеќе да откриваме, освен тоа дека ќе сведочиме во процес кој се бави со овој тип на притисоци врз гласачите од страна на партиите, во случајот на владејачката партија. Нам ни е драго дека повторно се отвори овој случај, бидејќи истрагата на тогашниот обвинител Шврговски заврши неуспешно. Затоа, ова го гледаме како втора шанса за правдата“, изјави новинарката Сашка Цветковска.

„Тие списоци се веродостојни затоа што тоа се покажа низ самата постапка на новинарското истражување. Но, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега вели дека се материјалите се креирани и монтирани. Тогаш најави и тужба за клевета, но тоа не се случи. Дали СЈО ќе ја докаже вистината  не знам, но се надевам дека ќе биде придонес да се спречат било какви идни притисоци и манипулации на следни избори“, рече нејзината колешка Наташа Стојановска.

Токму изборните нерегуларности се предмет на првата истрага која ја отвори Специјалното обвинителство под кодно име „Титаник“. На прес конференција во февруари, обвинителките на чело со Катица Јанева  соопштија дека сомничат неколку лица за злосторничко здружување, изборни нерегуларности и повреда на избирачко право. Меѓу нив се и поранешните министри за внатрешни работи и транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и владиниот секретар Кирил Божиновски.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете