01 Ноември, 2024
0.0930

Како да бидете фит оваа есен со помош на Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Нашиот модерен и фокусиран на технологија свет ни овозможува лесно да паднеме во мрзелив начин на живот. Постојано сме приклучени на компјутер додека сме  на работа, поминуваме време на паметните уреди дома, па дури и имаме автоматизирани домашни системи што можат да ги вклучат нашите светла или телевизори. Сепак, технологијата исто така може да нè поттикне да го подобриме нашето здравје давајќи ни поголем пристап до целокупната здравствена состојба, да ни помогне да ги оствариме зацртаните фитнес цели или дури и да не насочи и поттикне кон активен и здрав начин на живот.  

Неодамна Samsung ја претстави новата генерација паметни часовници Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro, холистичка здравствена иновација опремена со паметни можности за следење на спиењето, персонализиран дизајн и подобрена издржливост што ги обликува секојдневните навики за здравје и благосостојба. Па како да го извадиме максимумот од секојдневните фитнес активности? Одберете ја вашата омилена боја, персонализирајте ги функциите и извадете го најдоброто од себе оваа есен!

1.  Загрејте се

Ако има едно нешто што треба секогаш да го правите, без разлика колкава е температурата надвор, тоа е да влезете во рутината на загревање на вашето тело најмалку 5-10 минути. Многу од повредите при вежбање се случуваат токму затоа што не се одвојува време за да се придвижи  телото и да се подготви за вежбање. Колку е поладна надвор, толку подолго треба да го загревате телото пред секоја напорна активност. Со зголемена површина и подиректен контакт со вашиот зглоб, Galaxy Watch5 ја следи здравствената метрика сега со уште поголема прецизност од моделот Galaxy Watch4. Дополнително, неговиот моќен BioActive сензор 3-во-1 работи заедно со другите сензори од серијата Galaxy Watch5, вклучувајќи го и новововедениот сензор за температура (достапноста на оваа функција зависи од пазарот) , за да им овозможи на корисниците длабинско разбирање за своето здравје. Сензорот за температура користи инфрацрвена технологија за попрецизни отчитувања, дури и ако температурата на вашата околина се менува. Ова отвора нови можности за програмерите да ги прошират своите опции за здравје и благосостојба, а корисниците да ги искористат предностите од целосно нови искуства.

2.  Одберете квалитетна и топла опрема

Да бидеме искрени, новата опрема за вежбање и тоа како може да биде мотив да ги загрееме патиките и да се фрлиме на вежбање. Секогаш одбирајте квалитетни материјали кои и дозволуваат на кожата да дише. Не заборавајте топли грачи за нозе, топол елек и капче или трака која ќе ви ги штити ушите од ладно. За да биде стилот комплетен, Galaxy Watch5 нуди стилски и минималистички дизајн, како и перформанси кои ви помагаат да постигнете повеќе секој ден. Доаѓа со сосема нови привлечни неутрални опции за бои, со голем екран од 44 мм достапна во графитна, сафирна и сребрена и мал екран од 40 мм достапна во графитна, розово-златна и сребрена со виолетово ремче, за оние кои бараат авантура, издржливост, перформанси и стил, Galaxy Watch5 Pro е за вас. Истиот ќе биде достапен во титани црна и титан сива боја, со екран од 45 мм.

3.  Вежби за тело

Без оглед на тоа колку различни рутини за вежбање менуваме во текот на нашиот живот, согласно фитнес трендовите, некои вежби никогаш не треба да излегуваат од мода и секогаш да бидат вклучени во вашата рутина за вежбање. Ако се изведуваат правилно, вежбите како што се чучнувања, склекови, пленк и стомачни се исто толку ефикасни за да бидете во форма како и секоја друга форма на фитнес. Тие можат да се направат насекаде, особено во паркот. Плус, се одличен додаток после квалитетно кардио, а има ли подобро време за трчање во паркот од есен кога боите, мирисите и свежината на воздухот ви даваат сила? Моќен и создаден да трае, Galaxy Watch5 Pro ја има најголемата батерија во Galaxy Watch. Тој е 60% поголем од Galaxy Watch4, што е клучно за да биде во чекор со вас додека освојувате нова рута. Искористете ги предностите на GPX, достапен за прв пат на Galaxy Watch. Со Route Workout одете на планинарење и снимајте и споделете со колегите во апликацијата Samsung Health. Исто така, можете  да преземете маршрути за пешачење и велосипед додека тренирате за следната трка или сакате да ја промените вашата рутина. Додека пешачите или возите велосипед, внимавајте на патеката, а не на мапата, со интуитивни насоки од кривина по кривина. Кога ќе бидете спремни да се вратите дома, Galaxy Watch5 Pro лесно ќе ве однесе со Track back, што ве враќа на патот на по кој сте дошле.

4.  Истегнување

Како што истакнавме во советот 1, загревањето е од суштинско значење за тренингот за студено време. Пред, за време и по вашата рутина за вежбање, правилното истегнување може да го подобри вашиот опсег на движења секој пат кога вежбате. Бидете доследни на тоа и уживајте во придобивките по патот. И не заборавајте да се грижите за вашето тело денес и тоа ќе се грижи за вас утре.

5.  Квалитетен сон за правилно заздравување на мускулите

Дизајниран за секојдневни победи, Galaxy Watch5 нуди сеопфатно искуство од што ги надминува фитнес активностите и вклучува процеси после тренинг, одмор и закрепнување. Алатката за мерење на составот на телото  обезбедува целосна слика на целокупното здравје на корисникот, давајќи му приспособен пристап за поставување цели, водејќи ги преку персонализирани вежби и следење на напредокот. И кога е време за одмор, Galaxy Watch5 им обезбедува на корисниците податоци за обновување, вклучително и отчукувањата на срцето по интензивно вежбање  и приспособени препораки за потрошувачка на вода врз основа на губење пот . Добриот ноќен одмор е важен за благосостојбата и затоа им помагаме на корисниците да имаат подобар сон . Проучувајте ги шемите на спиење со оценки за спиење што ги следат фазите на спиење, заедно со откривање на 'рчењето  и нивото на кислород во крвта. Постигнете подобрени навики за спиење со напредниот Sleep Coaching  кој обезбедува приспособена месечна програма со водич.

Повеќе информации на следниот линк:

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-40mm-silver-bt-sm-r900nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-pro-black-titanium-lte-sm-r925fzkaeuc/

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО: Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа во Нови Сад

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО: Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа во Нови Сад

ВУЧИЌ ПОТВРДИ: И Македонец е меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад

ВУЧИЌ ПОТВРДИ: И Македонец е меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад

ФИЛИПЧЕ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: Нашите мисли се со целиот српски народ

ФИЛИПЧЕ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: Нашите мисли се со целиот српски народ

БАРАЛА МИТО ОД 4.000 ЕВРА: Уапсена е градежна инспекторка од Куманово

БАРАЛА МИТО ОД 4.000 ЕВРА: Уапсена е градежна инспекторка од Куманово

МИЦКОСКИ: Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни

МИЦКОСКИ: Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште