24 Ноември, 2024
0.6109

КАКО ДА ГИ СЛЕДАТ НАШИТЕ СТАПКИ - Во Белград и Ниш полициски час цел викенд, ќе почне уште во петок во 15 часот

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи на вчерашната емисија „Прашалник“ на РТС, рече дека е веројатно дека полицискиот час во Србија за викенд ќе започне во петок наместо во сабота.

Тој изјави дека доколку се согласи фелата, ќе се воведе полициски час од петок од 15 часот до понеделник, нагласувајчи дека ова е сигурно за Белград и за Ниш.

„Ќе се обидеме да ја укинеме вонредната состојба во прва прилика без да го загрозиме јавното здравје“, рече српскиот претседател, проценувајќи дека таа може да се укине во рок од еден месец, а можеби и порано, дека тој веќе ја гледа „светлината на крајот на тунелот“.

„Таа светлина ќе се приближува секој ден, така што ќе можеме да започнеме да работиме наскоро, но нема да брзаме со цел короната да не ни се врати повторно“, рече Вучиќ за РТС.

Тој истакна дека земјата е далеку од излез од кризата, но тој може да го види тоа. Предупреди дека ќе биде тешко и со економијата, но се надева дека Србија ова ќе го надмине подобро од другите земји и дека очекува наскоро таа да излезе од ова и да биде една од најуспешните европски држави.

Вуќич нагласи дека се преземаат мерки за зачувување на животот.

„Се вознемирувам секоја вечер кога гледам колку луѓе умираат. Тоа е она што ме вознемирува. Ако мерките за заштита на нечиј живот нарушиле некого, жалам за тоа, но тие ќе бидат донесени. Отсекогаш сме имале огромен број проблеми, од поплавите до ова денес, а луѓето што се бираат на оваа функција не се оние кои се плашат од сопствената сенка, туку тие што ќе ги донесат одлуките, и јас немам проблем со тоа што ќе каже некој“, нагласи Вуќиќ.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ДВА ПАТИ БЕШЕ НА РЕАНИМАЦИЈА, ТРЕТИОТ ПАТ НЕ УСПЕА, ГО УБИ СТРЕСОТ“, ДАЧИЌ НИЗ СОЛЗИ РАСКАЖА: Палма ми беше како брат

„ДВА ПАТИ БЕШЕ НА РЕАНИМАЦИЈА, ТРЕТИОТ ПАТ НЕ УСПЕА, ГО УБИ СТРЕСОТ“, ДАЧИЌ НИЗ СОЛЗИ РАСКАЖА: Палма ми беше како брат

ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува

ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДРАГАН МАРКОВИЌ ПАЛМА, БИЛ СОРАБОТНИК НА АРКАН: Српскиот политичар го тресеа бројни афери

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДРАГАН МАРКОВИЌ ПАЛМА, БИЛ СОРАБОТНИК НА АРКАН: Српскиот политичар го тресеа бројни афери

„ПОДГОТВЕТЕ СЕ САМИ ДА СЕ СНАЈДЕТЕ“: Хрватското МВР подготвува брошури со совети за преживување во првите 72 часа од војна!

„ПОДГОТВЕТЕ СЕ САМИ ДА СЕ СНАЈДЕТЕ“: Хрватското МВР подготвува брошури со совети за преживување во првите 72 часа од војна!

СРПСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА: Полицијата на Курти ја мина границата

СРПСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА: Полицијата на Курти ја мина границата

ОСМАНИ СЕ ЗАКАНИ: Секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на единство на Албанците од цел Балкан

ОСМАНИ СЕ ЗАКАНИ: Секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на единство на Албанците од цел Балкан

ПО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД - уапсени 11 лица поради падот на настрешницата на железничката станица

ПО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД - уапсени 11 лица поради падот на настрешницата на железничката станица