Како да го намалите холестеролот со помош на црвениот ориз
Објавено во: Стил 03 Октомври, 2014 09:55
Во Кина, каде се одвива најголемиот дел од производството, но и во другите земји во кои успева, се одгледуваат голем број видови ориз кои најчесто ги делиме на ориз со округло и долго зрно. Позната е поделбата на бел ориз, кој се добива со лупење на надворешната обвивка од зрното, и на кафеав ориз кој е похранлив од белиот, затоа што содржи повеќе витамини, минерали и прехрамбени влакна, но затоа подолго се готви.
Басмати оризот потекнува од индиската кујна, има препознатлив мирис и вкус. Се употребува како прилог на зачинети јадења а најчесто се комбинира со кари. Погоден е за приготвување оризов пудинг.
Јасмин е ориз со долгнавесто зрно, со потекло од Тајланд, а погоден е за приготвување тајландски и виетнамски специјалитети, со нежна структура и вкус сличен на басмати оризот.
Постои и див ориз, со многу долго, црно зрно, кој е многу хранлив но мора да се готви подолго од половина час за да омекне нежната, жилава текстура. Дивиот или црн ориз е исклучително богат со белковини, минерали, Б витамини и фолна киселина. Содржи трипати повеќе влакна отколку белиот ориз. Може да се додава во супи, салати и останати јадења на кои им дава посебен, ароматичен вкус, а многумина советуваат да се комбинира со кафеавиот ориз. Како недостиг може да се смета единствено неговата цена, бидејќи е поскап во однос на другите видови ориз.
Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се




