18 Април, 2024
0.0475

Како да го сопрете грицкањето нокти кај детето?

Објавено во: Стил 12 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Барем неколку деца, па и возрасни околу нас грицкаат нокти. Несакајќи, односно од навика ќе ги забележите со прст во уста. Притоа може и да загризат од ноктот или од кутикулите. Многу лоша навика за која многу често родителите бараат совет како да го одвикнат детето од тоа.

Еве неколку народни совети кои ќе ви помогнат во одвикнувањето:

1.  Намачкајте ги ноктите на детето со горчлив лак, кој можете да го најдете во продавниците или специјализираните продавници за козметика.  Некои родители ги мачкаат своите деца и со други горчливи работи. Многу родители со векови го користат и сенфот за оваа намена. Меѓутоа како најефективен се покажал досега горчливиот лак за нокти, кој им помага на децата во одвикнувањето од грицкање нокти.

2. Ако појавата на оваа навика е поврзана со постојан психолошки стрес, тогаш е неопходно да се научи детето да го надмине стресот со едноставни вежби или вежби за дишење.  Детето доколку правилно дише и издишува полека и длабоко 5 минути ќе го потсмири. Таквата константна контрола на дишењето ќе помогне значително да го намали нивото на емоционална тензија на детето. За да го искористите интересот на детето, можете да си играте заедно со него со неговата омилена играчка, или заедно да цртате и сл.

3. Доколку имате девојче кое ги грицка ноктите направете и маникир, домашен, третирајте ја како во салон, со масажа, со убава боја на лак, уредни да бидат. Покажете грижа со одредени алатки за обликување на нокти, доколку ставите и по некоја интересна шара би било супер. Оваа важи и за момчињата, нека им бидат уредни ноктите, па дури и кога би биле намачкани со горчлив лак би било со сигурност ефикасен метод. И не заборавајте да ги потсетувате на децата дека здравите и секогаш уредни нокти се секогаш во мода.

Во процесот на одвикнување на детето од грицкање нокти, никогаш не треба да заборавиме дека тоа е долг процес и секојдневна борба која бара многу упорност и трпение.  

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре