18 Декември, 2025
0.0384

КАКО ДА ИМ СООПШТИ ДЕКА ЌЕ ИМ ГИ НАМАЛИ ПЛАТИТЕ - лицата на „челниците“ на Путин за време на неговиот говор се хит на мрежите

Објавено во: Свет 21 Февруари, 2023 15:33

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин утрово одржа „историски говор“ во кој публиката имаше можност да слушне само една навистина важна информација во текот на двата часа што траеше. Двочасовното обраќање на Путин разочара многумина кои внимателно следеа што сакаше да каже, а особено руските претставници - и оние кои седеа во првите редови. За нивна несреќа камерата ги сними нивните лица.

Најмногу внимание привлече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој според корисниците на социјалните мрежи изгледал како повеќе да не му останало ни трошка живот во него.

Видно разочаран, но и нервозен беше поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев. Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека тоа е затоа што говорот траел предолго, а Медведев, кој седел во првиот ред, не можел „да извади шише вотка од џебот на јакната“.

Зад Медведев седеше намуртениот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека изгледа како некој да му го одзел далечинскиот управувач и дека не може да го смени каналот што емитува лаги што веќе ги кажал илјада пати.

На овој „историски говор“ не реагираа подобро ниту останатите функционери. Многумина ги триеа очите или кривогледаа, очигледно во обид да останат будни.

Заклучокот е дека, како што коментираат луѓето на мрежите, сите изгледаат како Путин само да им рекол да очекуваат само 10 отсто од нивната плата.

Инаку, за време на двочасовниот говор на рускиот претседател Владимир Путин, светската јавност имаше можност да слушне една важна вест, која беше објавена на самиот крај од говорот.

Имено, тој рече дека Русија го суспендира учеството во договорот Нов Старт, кој го потпиша во 2010 година со Соединетите Американски Држави.

Како што објасни, неговата земја не се повлекува од договорот, туку го прекинува учеството во него поради лицемерните потези на Западот.

Станува збор за договор кој ги ограничува стратешките нуклеарни арсенали на двете потписнички, а Путин својата одлука ја објасни вака:

„Принуден сум да објавам дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за стратешка контрола на вооружувањето. Тој додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку тоа го направи и Америка.

Нова.рс

Фото: Твитер

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина