КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ КОЈА ВАКЦИНА Е НАЈДОБРА ЗА ВАС - српски лекар открива дека за оние што прележале ковид најдобра е Спутник V, а еве што советува за другите граѓани
Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2021 10:15
Покрај американско-германската вакцина „Фајзер-Бајонтек“ и рускиот „Спутник V“, кинеската вакцина против коронавирусот на компанијата „Синофарм“ наскоро ќе пристигне и во Србија. Граѓаните ќе можат да изберат која вакцина ќе ја примат, а од „Курир.рс“ истражувале како граѓаните да ја изберат вистинската вакцина за себе.
Главната дилема на оние кои се заинтересирани за имунизација е која вакцина да ја изберат. Д-р Радмило Петровиќ, познат српски епидемиолог, за Курир изјавил дека иако се направени според различна технологија, сите тие вакцини се ефикасни.
„Во секој случај, потребно е да се вакцинирате што е можно поскоро за да започнете да создавате имунитет и заштита што е можно поскоро. Фајзер е генетска вакцина која го стимулира телото да произведува скок на антитела. Руската вакцина е хибридна вакцина, каде што РНК се пресадува на аденовирус, додека кинеската вакцина се базира на мртов коронавирус. Јас сум најголемиот поддржувач на ваквиот вид „мртва“ вакцина, бидејќи го содржи целиот вирус со сите антигени, па затоа се создава најадекватен имунитет“, изјавил д-р Петровиќ.
Според него, граѓаните кои имале коронавирус може да одлучат да добијат „Спутник V“.
„Тоа е вакцина која спаѓа во категоријата ‚живи' вакцини и, во некои случаи, кај пациенти кои имале коронавирус и имаат поголем број на антитела, доволна е една доза за зајакнување на имунитетот што веќе го имаат. Оние кои не ја прележале короната можат да земат ‚Фајзер'. Оваа вакцина е најдостапна за нас и произведува добар имунитет. Би ја препорачал кинеската, инактивирана вакцина на хронични пациенти, бидејќи има најмал ризик од несакани ефекти. Станува збор за класична вакцина, која не може да ја влоши основната состојба“, рекол Петровиќ, додавајќи дека сите заинтересирани за вакцината треба да се подложат на општ преглед пред вакцинацијата, а хроничните пациенти треба да им дадат на лекарите детални информации за нивната состојба.
Д-р Петровиќ, исто така, посочил дека ниту една од овие вакцини не се дава на бремени жени и деца.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




