23 Април, 2024
0.0261

Како да изградите здрава навика за штедење

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Организацијата на личните финансии е своевидна умешност која може да ја совладате со промени во навиките и пристапот кон вашите средства, што на долг рок ќе ви донесе поголема сигурност и стабилност. Ова е особено важно во време на променлива економија на каква што сме сведоци денес, која може да предизвикува чувство на недостаток на финансии, но истовремено може да биде и поттик да изградиме поздрав однос со нашите пари.  

Финансиските советници често велат дека исто како кај личните односи, треба да одвоиме време и за нашиот однос со парите. „Ако сакате да постигнете финансиска сигурност, внимавајте како се однесувате со вашите средства. Секое невнимателно или импулсивно однесување резултира со помала или поголема штета на буџетот за која подоцна ќе треба да најдете решение. Спротивно на тоа, кога пристапувате плански кон вашите финансии можете полесно да ги планирате и вашите активности, што ви дава мотив и сигурност за следни корисни чекори кон финансиска стабилност како што е создавањето на заштеда.“

Често се случува луѓето да се потпираат на кредити и задолжувања наместо да создаваат заштеда со која ќе можат да ги финансираат своите трошоци и желби. Ваквиот пристап кон парите само го продлабочува чувството на несигурност и недостаток на контрола над сопствените средства, а доаѓа како резултат на неколку (погрешни) уверувања.

1.  Јас сум од оние луѓе кои едноставно не знаат да штедат.

За штедење е потребна желба и континуитет, а не знаење. Ваша задача е да изградите навика и дисциплина, а за останатите детали постојат стручни лица кои се достапни во секое време да ви ги објаснат. Целта на штедењето не е да си скратите од уживањето, туку напротив, да живеете попаметно и побезгрижно.  

2.  Не заработувам доволно за да можам да штедам.

Не ви е потребен голем износ на средства за да можете да почнете да штедите. И најмалата сума, ако редовно ја издвојувате ќе порасне во поголема заштеда која токму во услови на мала заработувачка ќе ви значи повеќе.

3.  Не можам да штедам додека исплаќам долгови.

Со свесно планирање на средствата можете да ги исплаќате долговите и да започнете со мали заштеди кои ќе ви помогнат да се чувствувате финансиски посигурни.

4.  Не можам секој месец да одвојувам средства за заштеда.

Денес постојат флексибилни можности за штедење, нема потреба да се обврзувате на конкретен месечен износ кој ќе го уплаќате континуирано. Важно е да создадете навика, а потоа, колку ќе заштедите целосно зависи од тоа како поминува вашиот месец.

Како промотер и поттикнувач на штедењето, таква можност кај нас обезбеди ПроКредит Банка со услугата Флекси штедна сметка која овозможува флексибилно штедење со најповолна каматна стапка по видување, како и дополнување и користење на средствата во секое време, без никакви ограничувања.

Никогаш не е премногу рано, ниту премногу доцна за да штедите, сѐ што ви треба за да обезбедите поголема финансиска сигурност е волја да започнете.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа