20 Јануари, 2025
0.0342

Како да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Секому му се случува да добие отказ. Тоа е многу непријатно искуство кое по некое време се преболува, но последиците од тој чин може да се почувствуваат и многу подоцна, кога луѓето кои ги спроведуваат интервјуата за работа го поставуваат прашањето „Зошто го напуштивте последното работно место?“ За да се појавите подготвени за ова прашање следете ги следните неколку совети од Џени Фос, експерт од областа на човечките ресурси. Помирете се со отказот Тоа веќе се случило и не можете ништо да промените. Морате да се помирите со отказот пред да преминете на наредните интервјуа за работа. Дајте си време, колку и да ви е потребно, затоа што ако не ги средите емоциите не ќе можете мирно да зборувате за тоа со потенцијалниот работодавач. Убаво објаснете што се случило Реченица како: „За жал, бев ослободен од обврските“ е доволна. Ако потоа ве потпрашаат како се случило тоа, можете да дадете објаснување кое ќе биде кратко, јасно и прецизно. Претераното објаснување со повторување на работите ќе остави впечаток како да сакате да го убедите соговорникот во нешто што самите сметате дека не е вистина. Истакнете што сте научиле од тој отказ Доколку отказот сте го добиле по ваша вина, признајте го тоа и истакнете што сте научиле од целата работа. Вашите зборови би можеле да изгледаат вака: „Откако изгубивме важен клиент, делумно и поради моја грешка, поминав многу време во опсервирање на искуствата на нашите клиенти и барав начини како да го задржам интересот на клиентот како врвен приоритет. Сметам дека тоа многу ќе ми помогне во мојата следна работа.“ Без навреди за поранешниот работодавач Без разлика колку сте биле обесправени од претходниот работодавач кога сте го загубиле работното место, немојте да го навредувате пред потенцијалниот нов работодавач. Тоа ќе остави лош впечаток за вас, а не за поранешниот шеф. Објаснете како можете да придонесете на новото работно место На крај, вели Фос, немојте да заборавите да ги истакнете сите позитивни работи со кои можете да придонесете за компанијата која ве интервјуира. Објаснете им дека можете да им го понудите тоа што им треба, без оглед на тоа што ви се случило во минатото.

Можеби ќе ве интересира

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите