20 Декември, 2025
0.0543

Како да најдете работа во земјата каде платата е највисока – Белгија

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2015 20:54

Добивај вести на Viber

Белгија или официјално Кралството Белгија, е федерална монархија која се наоѓа во Зпадна Европа. Оваа земја е една од основачките на Европската Унија и исто така главно седиште не членките на Европската унија, како и неколку меѓународни организации како што е НАТО пактот.

Многумина се одлучуваат да заминат по подобар живот токму во оваа земја во која платите се едни од највисоките во Европа.

Просечната нето плата по жител во Белгија изнесува 4.256 евра. Најмала просечна плата имаат трговците (990 EUR), графички дизајнери (1.430 EUR), готвачи, келнери, туристички водачи (1.738 EUR), медицински сестри и болничари (2.067 EUR), работници во авиокомпании (2.240 EUR), архитекти  (2.267 EUR), рецепционери и секретарки  (2.395 EUR), шофери, возачи, доставувачи (2.500 EUR), градежни работници  (2.696 EUR), техничка служба (3.188 EUR), сметководители  (3.266 EUR) и инфирматичари (3.301 EUR).

Професиите со средно проечна плата имаат правниците (3.633 EUR), инжиниери (3.835 EUR),работници во телекомуникациите  (4.216 EUR), учители, наставници и професори  (4.360 EUR) и фармацевти (4.379 EUR).

Најдобро платени занимања се секако оние најпосакуваните, а тоа се менаџери во трговијата (4.542 EUR), рудари (4.664 EUR), банкари (5.208 EUR), менаџери (5.748 EUR) и работници во осигурување  (7.083 EUR).

Заклучно со 2014 година, Белгија има стапка на невработеност од над 8% што е пониско од просекот на ЕУ од 10,5. Сепак, невработеноста на младите (оние под 25 години) изнесува околу 22%.

Во оваа земја слободни работни места може да се најдат во услужниот секторот, како што се финансиите, меѓународни институции и претпријатија, агенциите за недвижности и образованието, како и јавното здравство и социјалните услуги. Слободни работни места има за следните професии: инжењери, техничари, архитекти, сметководители, медицински сестри и акушерки, ИТ персонал, трговски претставници, наставници, механичари, и градежни работници.

Белгиски работни визи

Државјани на ЕУ, како и швајцарски државјани, можат слободно да работат во Белгија, без потреба за работна дозвола. Сепак, сметајте на тоа дека ако планирате да останете подолго од три месеци, ќе Ви треба потврда за регистрација.

Граѓаните на држави кои не се земји членки на ЕУ, треба да имаат виза за влез во земјата и дозвола за работа. За типовите на работна дозвола, можете да прочитате овде.

Постојат три официјални јазици во Белгија: холандски (се зборува во фламанската заедница во Фландрија, во северниот дел на Белгија), француски (се зборува во Валонија, на југ од Брисел) и германски (се зборува во Југоисточна Европа). Од 10 до 20% од граѓаните, особено оние во регионот на Брисел, зборуваат и француски и холандски. Од Вас најверојатно ќе се очекува да го зборувате јазикот на конкретниот регион каде што ќе работите. Но, главно во меѓународните компании познавањето на англиски јазик може да биде доволно.

Како да аплицирате за работа ЕУРЕС  Ако сте од ЕУ, ЕЕП или Швајцарија, може да пребарувате огласи за работа во Белгија преку EURES, Европскиот портал за професионална мобилност. Можете да го испратите Вашето CV и да добиете совети во однос на правни и административни прашања кои се вклучени во работењето во Белгија. ЕУРЕС, исто така организира саемите за труд во пролет и есен.

Expatica – овде ќе најдете листа на огласи за различни сектори, која постојано е ажурирана.

ЕУ и НАТО Европската унија вработува повеќе од 40.000 луѓе во разни институции, од кои голем дел се наоѓаат во Брисел. Вие не треба да бидете граѓанин на земја членка на ЕУ, но треба да имате одлично познавање на најмалку два или повеќе јазици. За информации за работата за ЕУ, можете да видете на сајтот на EPSO. Исто така, можете да најдете информации на EuroBrussels, за работни места во организации на ЕУ во Брисел.

Ова се најбезбедни сајтови каде можете да најдете работа во Белгија:

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии