05 Декември, 2025
0.2029

Како да се надмине нестабилноста во земјоделството и прехранбениот систем?

Објавено во: Агробизнис 14 Декември, 2014 08:33

Добивај вести на Viber

  Земјоделските пазари во основа се карактеризираат како нестабилни. Причините се во нееластичната побарувачка и непостојаниот карактер на понудата како резултат на зависноста на производството од метеоролошките услови. Освен тоа понудата е неспособна да одговори во краткорочен план на пазарните сигнали поради продолженоста на производниот циклус. Во некои земји порастот на цената и недостигот на храна се причини за политичка нестабилност и побуни. Каков е политичкиот одговор на нестабилноста на цените односно на ценовните експлозии? Во глобални рамки либерализацијата на трговијата со земјодеслки производи ќе ги намали варијациите на цените поради компензацијата на производните кризи во еден регион со производство во друг регион. На второ место е потребно државата низ образовниот систем да ги помага земјоделците во управување со ризиците преку диверзификација на производството, користење на нови технологии, сорти и раси, осигурување на производството, пазарни зделки и др. Трето, во услови на нагло зголемување на цените, државата треба да ги помага најзагрозените групи. Најважно за постигнување на долгорочен раст на земјоделското производство е потребата да се зголемат среднорочните и долгорочните инвестиции во земјоделските истражувања и ширење на знаењето, земјоделската и селска инфраструктура, модернизација на проиводството и подобрување на пристапот до пазарот. Мултифункционалната улога на земјоделството во развој на селските реони Во продолжение на векови, земјоделството било во основата на селската економија. Денес неговото учество во создавањето на бруто домашниот производ е намалена за сметка на индустријата, а особено на услугите. Покрај тоа, стопанското значење на земјоделството е големо поради неговиот придонес за економскиот развој и вработувањето, но на прво место е исхраната на светското население. Заедно со тоа земјоделството е најголем корисник на земјата и од начинот на неговото функционирање до голем степен зависи заштитата на природното наследство и рамнотежата. Успешниот развој на земјоделството има потреба од животно способни селски општества, кои имаат свој внатрешен извор на развој и може да решава проблеми од локален карактер поврзан со градење на благосостојба, образование, здравствена заштита, заштите на животната средина и економски дејности. Логичен заклучок е дека помеѓу развојот на земјоделството и селските реони постои силна поврзаност, која бара примена на комплексен интегративен пристап и управување на тие области на општествениот живот. Тоа пак од своја страна бара решение во неколку насоки:
  • Зајакнување на локалното самоуправување и создавање на култура на учество во решавање на локалните проблеми.
  • Интегрирање на селската општественост во вкупниот општествен живот на земјата.
  • Земјоделска политика насочена не само кон производството, туку која што има еколошки и социјални аспекти.
  • Билансирана територијална политика која ги почитува специфичностите на селските региони.
Мултифункционалната улога на земјоделството налага преосмислување на секторот земјоделство. Земјоделското производство не би требало да е само цел, туку средство за постигнување на пошироки општествени цели како што се доходот, вработувањето, социјалната рамноправност, заштита на културното и природното наследство, квалитетот на животот и друго. Проф. Др. Борис Анакиев

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?