Како да се „преживее“ новогодишната шопинг – треска
Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2013 21:00
Информирајте се за понудата на пазарот.
Распрашајте се за цените на производите што сакате да ги купите во различни трговски синџири – така ќе заштедите доста пари.
Бидете креативни! Понекогаш е потребно само малку фантазија подароците за најблиските да добијат личен печат, кој не се мери со пари.
Користете ги поволностите на банкарските производи. Со користење кредитни катрички во одредени трговски синџири можете да заштедите пари.
Внимателно со плаќањето на рати! Иако ви изгледаат како совршено решение, одложените финансиски обврски нема да исчезнат сами. Имајте го тоа на ум!
Потрошувачките кредити можат да бидат со пониска вредност. Ако немате готовина, можете да се одлучите за оваа можност. Тоа е најповолна позајмица што можете да ја изберете.
Следете ги маркетиншките кампањи на големите произведувачи. Така вашите идеи ќе бидат апсолутно тренди дури и ако се одлучите за купување небрендирани производи.
Не срамете се да побарате попуст. Можеби немате таков впечаток, но одлуките ги донесувате исклучиво вие, а тоа ве става во надредена положба. Но од вас зависи на кој начин ќе ја искористите оваа предност. Затоа не срамете се да застанете во одбрана на своите финансиски интереси.
Минимализмот е одлика на стилот! Економската криза е одличен повод да се завртиме кон минимализмот како стил на живот и кон негувањето на нематеријалните вредности.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




