Како да заработите 5000 евра за три месеци?
Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2014
Берење јагоди во Финска, работење во областа на аспарагусот во Велика Британија, работа на брод, конобари во Црна Гора и Грција, работа со морски плодови на Алјаска, работа на лозје и берење грозје во Швајцарија, потоа работа во болница или бургер кинг во Германија или на некоја оддалечена нафтена индустрија, се само некои од сезонските работи во странство за кои младите се почесто се определуваат.
Начините на кои луѓето во странство се вработуваат се различни - едни одат преку агенции за вработување, други преку студентски здруженија, трети директно се јавуваат на странски огласи, а многумина патуваат и на црно, па како велат ако даде Бог ќе им се посреќи.
- За берење на јагоди во Финска се пријавив неколку месеци пред сезоната за да би добила дозвола за престојување. Се јавив преку огласот кој го имаа ставено сопствениците на една плантажа. За секој наберен килограм добивав нешто помалку од три евра, па за три месеци дома си отидов со околу 5.000 евра - вели М. Катиќ (30) од Србија .
Сезонската работа на берење разни видови овошје и зеленчук во Велика Британија, во текот на годината трае десет месеци, и тоа од почетокот на февруари, сè до октомври. Главната сезона, кога има и најголемо побарување на физички работници е во месец јуни. Бројот на работните места се движи, од шеесет на малите, до неколку стотини на големите фарми. Во најголемата фармерска област на Кент, има потреба и до 700 сезонски работници.
Најголем број фарми се наоѓаат на југо-источниот дел на Англија, недалеку од Лондон, потоа во Шкотска, Ирска и Велс.
Условите за добивање работа се минимални. Англискиот јазик не е услов, како ни искуство, при извршување на вакви работи. Ова не се однесува на работници во сточни фарми и возачи на земјоделска механизација.
За лице, припадник на држава, која не е членка на Европската Унија, не е дозволено постојано вработување, туку само сезонска работа и тоа со договори од три до шест месеци, колку што најчесто изнесува и временската работна виза.
РАБОТА ВО ШВАЈЦАРИЈАВо Швајцарија, постојат голем број сточни фарми, а во помал број ги има фармите на лозови и други насади. Најголема потреба од работници има во почетокот на мај и јуни, па до крајот на септември. На сточарските фарми побарувањето за работна рака трае и преку зимските месеци, но во помала мера. Од работникот се бара основно познавање на францускиот, германскиот, италијанскиот или англискиот јазик. Работите се склучуваат сезонски на одредено време.
Најголем број на фарми се протегаат во околината на Лозана. Генерално во огласите возраста не се условува, но за ваков вид на работа, повеќе се бараат работници меѓу 18 и 35 години. Сместувањето и храната се бесплатни и платата изнесува 21SHF дневно. Работите започнуваат од месец мај и траат до првата половина на октомври.
-Секое лето одам кај роднините во Швајцарија и работам на лозје во периодот од мај до август и заработувам околу 3000 чисти швајцарски франци месечно што кај нас никогаш нема да ги земам - раскажува нашиот соговорник К.Р (27) кој судбината го довела до овој степен да мора да бара работа надвор од нашата земја.
РАБОТА ВО НОРВЕШКАИако е на самиот север на Европа и по целата должина се протега на студеното Северно Море, Норвешка има голема традиција, искуство и знаење, што се однесува до одржувањето и работа на фарми од различен вид. Тие можат да бидат државни, приватни и мали селски фарми.
Работните места се слободни, дури откога ниту еден Норвежанец нема да покаже интерес за ваква работа. А бидејќи за матичното население овие дневници се мали, остануваат голем број слободни работни места за сезонски физички работници. Во недостиг на работна рака се распишуваат огласи во новините каде се бараат странски работници.
На малите индивидуални фарми ширум Норвешка се одгледуваат јагоди (кои се берат од последната недела на јули, па се до половината на август); компири (во септември, во градот HAZ-MAKING) и т.н.
Се бараат и возачи на трактори со месечна плата од 1000 норвешки круни.
Норвешкиот младински сојуз обезбедува сезонски работи, дава информации за добивање на сезонски работни дозволи и листа на работи кои се нудат ширум Норвешка во летните месеци.
Се бараат млади луѓе (но не и услов) меѓу 18 и 30 години, а потребно е и основно познавање на англискиот, германскиот или францускиот јазик. Платите се движат околу 400 норвешки круни неделно за 38 работни часови во неделата, со бесплатно сместување и исхрана.
На сточните фарми се работи заедно со членовите на семејството – сопствениците на фармата. Се извршуваат разни работи поврзани со одгледување на добитокот – од хранење на домашни животни и нивно одржување; молзење; берење овошје и зеленчук; собирање храна за животните, па се до одржување на хигиена во и надвор од просториите, шталите и сл.
РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА
Сезонска работа има во периодот на бербата на гројзе на винските плантажи во јужна Германија. Работната недела се состои од 6 работни дена и 48 часа. Следува бесплатно осигурување, храна и сместување. На ден се плаќа по 25US$. Посебни услови не се бараат.
РАБОТА ВО ФРАНЦИЈА
Се работи во периодот од V до X месец во годината на стопански фарми во траење од 10-30 дена со 8 часа на ден. Има можност за прекувремена работа и работа преку викенди. Месечната минимална плата не може да биде помала од минималната плата во Франција. Обезбедено е сместување, заедничка исхрана и осигурување.
РАБОТА ВО АВСТРАЛИЈА
Сезонска работа може да се најде на селските фарми ширум Австралија. Government’s commonüuealth emplozment service има богата база на податоци на агенции за вработување во цела Австралија. Работите на фармите се наоѓаат во внатрешноста на државите, а потребите на фармерите за сезонска помош на недогледните плантажи на жито, тутун (се бере во месец септември и втора половина на месец јануари) и лозја (во февруари и март) е огромна.
РАБОТА ВО ГРЦИЈА
Сезонска работа може да се најде во Грција на многубројните плантажи посадени со портокали, лимони, домати, краставици, бостан и други приморски градинарски производи. Потоа работа околу собирање на маслинки од 250 годишните стари дрвја распространети по цела држава. Лозјата се застапени на 30% од сите расположиви површини. Сезонските работници за работа на берба на грозјето се платени од 25€ по ден па нагоре во зависност дали е вклучено сместување и исхрана.
Агенциите за посредување бараат околу 1.000 евра за работа во Америка, а просечната месечна заработка е околу 1.300 евра додека на Алјаска е можна заработувачка и до 10.000 евра.
Чести случаи на измама
Оние кои се определат на сезонска работа некаде подалеку би требало да бараат лиценцирана агенција, бидејќи чести се случаите на измама во кои кандидатите останат и без пари и без ангажман.
Пред неколку месеци почнаа да кружат приказни за фирма од Скопје која лажно посредувала за работа во странство.
Имено, како што пишуваа некои медиуми момче и девојка наместо на печалба во Абу Даби, останале во Македонија, измамени и олеснети за 650 евра.
Парите ги уплатиле во агенцијата „Виза плус“, специјализирана за вработување во странство. За агенцијата разбрале преку интернет и виделе шанса да заминат на печалба во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, но откако не им се јавиле за три недели тие почнале да се сомневаат и пријавиле во полиција.
Понудата на „Виза плус“ доколку ја отворите нивната страна ќе видите дека навистина е супер. „Виза Плус“ била сместена во простории во центарот на Скопје. Денеска нема ниту трага од неа. Според информациите кои ги објави „Канал 5“ агенцијата добро работела, но во декември врботените се спакувале и си заминале.
Колку изнесува платата:
Работа во САД
Собарка во хотел - 7 долари на час
Конобар - 8 долари на час
Чувар на плажа - 9 долари на час
Помошник во кујна - 7 долари на час
Селидба - 13 долари на час
Чување деца до 150 долари
Работа во ЕУ
Берење јагоди во Финска - 2.8 евра по килограм
Берење малини во Финска - 4евра по килограм
Конобари во Црна Гора - 500 евра месечно
Конобари во Грција - 600 евра месечно
Кувари во Црна Гора - околу 800 месечно
Чување деца во Австрија, Германија - до 200 евра неделно
Работа на лозје во Швајцарија - околу 200 швајцарски франци дневница
Обработка: И.Р