Како да заштедите и да се извлечете од долгови?
Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2013 17:00
3. Направете сметка
Колку приходи ви доаѓаат дома, од кои извори, на што најмногу трошите? Морате да го сторите ова за да знаете каде да го стегнете ременот. И секогаш прво подмирувајте го она што има приоритет. Ако не ви стигаат средствата, ќе мора да побарате помош или да скратите од она што го користите.
4. Планирајте ги расходите
Не трошете ништо без план. Сметки, храна, превоз за до работа, тоа ви се најосновните работи за во секојдневието. Најдобро ќе биде да ги чувате сметките од она што го купувате за да видите колку и на што трошите месечно. Некогаш лажејќи се на ситници, трошиме многу иако мислиме дека е малку.
5. Читајте го договорот
Секогаш кога земате кредит гледајте добро да го прочитате она што го пишува во него, колкава е каматата, кои се условите. Бидејќи не сме сите експерти на тоа поле, ако треба најдете некој да ви објасни на што се нафаќате.
6. Плаќајте во готово
Плаќањето со картичка е најлошата работа која си ја правиме, особено ако имате право да одите во минус, бидејќи и немате осет колку трошиме. Затоа гледајте да плаќате во готовина и секако одбегнувајте да купувате работи на отплата на рати.
7. Научете да штедите
Поделете го трошокот за пат до работа, штедете електрична енергија, користете го интернетот за комуникација, наместо мобилниот. Можеби ви звучи смешно, но на вакви ситници најчесто најмногу трошиме.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




