19 Декември, 2025
0.0615

Како до плата од 4.500 евра

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2014 08:29

Добивај вести на Viber

За плата од 4.500 евра потребно е да имате само диплома која е соодветна, работно иксутво и солидно да го познавате англискиот и норвешки јазик, пишува "Blic". Овие предуслови се потребни за вработување во Норвешка. Најабарани се инжењерите, келнери, готвачи, медицинскиот персонал, воспитувачи за работа со деца во предучилишни установи и возачи. Нивната месечна заработка може да биде и до 4.500 евра бруто, што по одбивањето на сите даночни и социјални давачки доаѓа на ниво од пристојни 3.500 евра месечно, колку што може да добие медицинска сестра. Од тие пари потребно е да изнајмите стан. Познато е дека и храната во Норвешка е поскапа околу 60% од балканскиот просек. Најсигурен начин да се дојде до некоја од овие вработувања е преку пријавување во некоја од регистрираните агенции кои се бават со регрутирање и припрема на кандидатите за работа во Норвешка. На оние кои на ваков начин бараат работа им се гарантира редовна исплата со сите даноци и социјални давачки во согласност со норвешките закони. Лехел Дробник, косопственик  на агенцијата од Нови Сад “SENO resorsis”, вели дека секој кој ќе се пријави во нивната агенција и ги помине сите потребни проверки има можност да добие работа во норвешка. Тие ќе бидат ставени во базата на податоци и ќе бидат контактирани кога ќе се укаже потреба за работник од тој профил за кој се одлучиле. -          Засега во главно стан ува збор за сезонски вработувања, пред се во областа на угостителството во траење од три до шест месеци. Меѓутоа ние подготвуваме и група на медицински работници кои во Норвешка би добиле постојано вработување, а ист е случајот и со воспитувачите во градинки, вели Дробник. Отежнителна околност е тоа што лицата кои не се државјани на Норвешка можат да добијат дозвола за работа најдолго на шест месеци, но и државата и работодавачите се подготвени да понудат и опција пробна работа. -          Во тој случај речиси 95% е сигурно дека оној кој ќе потпише договор за пробно вработување на една година после тоа да биде вработен на неопределено, вели Дробник. Еве кои се чекорите кои се реализираат до вработувањето: 1. Чекор Пријава Неопходно е во агенцијата да испратите биографија на англиски јазик во електронска форма, фотокопија или скенирана диплома и препораки од претходни вработувања.  2. Чекор Селекција и подготовка Интервјуто се спроведува во агенцијата каде се утврдуваат афинитетите на кандидатот и неговиот профил и се прави проверка на познавањето на англискиот јазик.    3. Чекор Проверка на познавање на норвешкиот јазик Проверката ја спроведува професор по норвешки јазик. За работници во угостителскиот сектор потребно е основно ниво, додека за медицински работници е потребно високо ниво на познавање на јазикот - B1. За оние кои не знаат норвешки, постои можност за изучување на курс. 4. Чекор Кога во агенцијата ќе стигне договорот за вработување со одреден работодавач кандидатот одлучува дали ќе ја прифати работата или не. Дури  кога ќе ја прифати неопходно е да обезбеди превод на дипломите на англиски јазик и превод ан останатите документи, фотокопија на пасош и изјава дека не е кривично осудуван, односно дека против него нема кривична или прекршочна постапка. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии