06 Декември, 2025
0.0639

Е-продавници во Македонија, трговија за иднината или реалност од која веќе нема бегање?

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2013 09:12

Добивај вести на Viber

“Денес, извор на моќ повеќе не се парите во сопственост на неколкумина, туку информациите во сопственост на многумина. Информацијата се разликува од парите. Додека нештата купени со пари со време се трошат, информациите можат да застарат, но и да станат многу повредни. Ова носи нови правила на игра, кои бараат брзина, флексибилност и иновативност. Традиционалното претприемништво ќе мора да се промени и секој кој сака да остане конкурентен ќе мора да ги применува и почитува новите правила на игра”, вели Олга Поповска основач на Друштвото за Напредни технологии ИНОВИСТЕК, кое работи од 2011 година како фирма сестра на МЕКАТРОНИК Истанбул формирана во 1995 година.  Решенијата на МЕКАТРОНИК ги користат илјадници турски компании. Тимот од седумина млади ентузијасти од Македонија и долгогодишното искуство на тимот на МЕКАТРОНИК беа клучни фактори за  реализација на  производот  Rakso.NET. Потребата од претставување на интернет, со помош на веб страна или електронска продавница, им ја  доближивме до претприемачите во земјава па и пошироко. Излеговме на пазарот со услуга спакувана како производ. Веб сајт и е-продавница може да се купи во маркетите на НЕПТУН, и тоа буквално од полица. На корисниците им нудиме избор од шест различни пакети. Тие можат да одговорат на потебите на корисникот независно дали тој има потеба од веб страна со пет или со дваесет линкови или пак интернет продавница со или без интеграција со банка. Секој може едноставно и лесно да го претстави своето работење, својата понуда, да оствари близок контакт со своите клиенти и да одговори на нивните потреби. CMS алатката е на македонски јазик и овозможува самостојно и секојдневно менување на содржината на Веб страната од страна на корисникот. Интересна содржина и онлајн интерактивност  значи  доближување до се побројнитe интернет корисници и идентификување на нивните потреби.  Нашите претприемачи во голем број го прифатија претставувањето на фирмата на Facebook, но ограничените можности на социјалните мрежи не дозволуваат компанијата да ја претстави својата серизност, даде детални информации за своето работење и за својата понуда. Facebook публиката ќе биде задоволна ако од fun page-от има можност да линкува до вашата официјална страна. Е-пазарот  нема граници, нема ограничувања на простор, работно време, географските лимити  не постојат. Добриот производ/услуга во сопственост на македонските компании треба да биде понуден во е-продавница која работи нон стоп на еден глобален пазар и по цена која во себе калкулира пониски трошоци на работење. Одлуката за купување може да биде донесена во било кое време, од било кое место и потрошувачот во тој момент да ја комплетира нарачката. Пакетите за е-продавници нудат можност за интеграција со македонски банки и највисоко ниво на безбедност на плаќањата потврдено со SSL сертификат. За управување со нив се користи Admın Tool. Тоа e алатката која на сопственикот на е-продавницата ќе му овозможи брзо и лесно да го менува својот “излог”, да објавува попусти, групни понуди, наградни игри итн. Софтверот го дизајниравме да биде лесен за употреба. На нашите клиенти им обезбедуваме обука за како да го користат истиот, како да управуваат со својата залиха и едноставно како да влезат на е-пазарот. Интернетот е најбрзо растечки продажен и маркетиншки канал во историјата на човештвото. Како таков тој е најефикасно средство за комуникација  со се попребирливата публика. Токму затоа ги охрабруваме малите и средни бизниси во земјава  да почнат да го користат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј