01 Мај, 2024
0.0346

Kако до поконкурентни земјоделски производи

Објавено во: Агробизнис, Колумни 26 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Либерализацијата на меѓународната трговија преку елиминирање на пазарните ограничувања меѓу државите на ЕУ и промена на преференцијалните трговски договори како и развој на глобализацијата придонесоа за заострување на конкуренцијата на географска (регионално) и гранково ниво. За одделни сектори на проиводството поимите како пораст, продуктивност, ефективност и конкурентска способност добиваат ново ниво на мерење, при што колку е поотворена една економија толку повеќе се засилува бинарната важност односно конкурентска способност на национално (внатрешно) и меѓународно ниво. Конкурентската способност кај определена стопанска област, на пример земјоделството или храната, фокусира внимание врз нивото и промените во трговскиот биланс и (или) во резултатот на самата стопанска област. Според Шарплес и Милкам, да бидеш конкурентен е способноста да располагаш со стоки и услуги во време, место и вид, барани од купувачите по цени толку добри или подобри од други потенцијални понудувачи осигурувајќи задоволително ниво на ефективност на искористените ресурси. Портер (1990 година.), анализирајќи го значењето на партнерството (кластерите) заклучува дека: „современата конкуренција зависи од продуктивноста, а не од пристапот до суровини или големината на делување на секоја стопанска дејност. Тој смета дека значење има како функционира даден бизнис а не каде е. Конкурентна е онаа дејност (гранка) која има капациетет за трајно и успешно присаство и ги запазува позициите на домашниот и странскиот пазар. Портер ги подвлекува значењето на општата продуктивност на индустријата специјално што се однесува за трошоците за работна сила кои се сметани за клучен индикатор кај националната продуктивност. Бидејќи меѓународната конкурентска способност е динамичен и гранков поим, се размислува за значењето на долгорочна конкурентска способност и динамика на компаративна предност. Постои интерес кон долгорочно затајување на задоволително ниво на конкурентска способност и се акцентира на потребите и задоложенијата произлезени како резултат на технолошките промени и подобрувања овозможени со исполнување на инвестициони средства.Фагерберг, предлага модел за конкурентната способност  на меѓународни ниво со поврзување на развојот на пазарните делови со три вида фактори: способност за конкурентска способност на технологијата, потоа според ценовната конкурентност и трето располагање со производи, односно ефективен пристап до меѓународните пазари. Новата теорија за „стратешка„ трговија покажува, дека поединостите кај структурирањето на економските производства можат да се постигнат максимални ефекти на инвестиционите планови и политики. Во неа се подвлекува улогата на државата и Владата за обезбедување на конкурентска економска средина. Кога ја анализираме конкурентската способност од аспект на бизнис, тогаш ја определуваме како способност за рентабилно производство и можност за определување на цени еднакви или пониски од оние што ги предлагаат други производители на определен пазар преку конкурентни цени и диференција на производи. Европскиот форум за менаџмент (1984 година) ја дефинира конкурентската способност како директна и идна или можност за претприемачите да проектираат, произведуваат и тргуваат со производство од светски размери, чија цена и квалитети се поатрактивни од тие што ги нудат локалните и странските конкуренти. На меѓународно ниво конкурентската способност се мери кога даден производ може да конкурира со други слични производи на светскиот пазар кога се земаат во предвид производните трошоци. Конкурентен производ може да опстане едновремено при увоз во земјата или да биде извезуван. Во случај ако  не е конкурентен одреден производ, потребно е ограничување на увозот на тој производ, при што најчесто е ограничен неговиот извоз, а може да се пристапи кон субвенционирање на производството со цел да се постигне конкурентско способна цена. Теоријата за стратешки менаџмент ја дефинира конкурентската способност како можност производството да е рентабилно и продукцијата да се нуди со добра цена. Според таа теорија постојат пет основни параметри на конкурентска способност: технологија, карактеристики на финансиските текови (приливи) економика на  производниот процес, диференција на производите и надворешните фактори. Тие параметри имаат влијание на конкурентската предност на бизнисот и можност да бидат поделени на две основни категории: параметри кои се однесуваат на трошоците на производството и параметри кои имаат влијание на квалитетот на производот и квалитетот на организацијата на претпријатието. Кај овие параметри предностите за бизнисот се зголемуваат, се зголемува и пазарниот дел како и чистата добивка. Тоа се показатели кои се сметаат како критериуми за конкурентност. Покрај тоа, користењето на пазарниот дел како показател за конкуретнтска способност е поврзано со определени ризици:
  • На макроекономско ниво пазарниот дел за извоз на земјата се мери врз база на сите групи на производи во согласност со хипотезата дека вкупната големина на извозот ни покажува колку е тој конкурентно способен. Тој пристап меѓутоа не ни дава информација за одделни производи. Затоа е подобро пристапот ако конкуретнската способност се анализира преку анализата на пазарните делови на извозот по производи.
  • Оценката на деловите на надворешниот пазар не дава претстава за конкурентската способност на производството и на претпријатијата на домашниот пазар. Тие треба да се разгледуваат преку анализа на трговскиот биланс.
  • Делот на надворешниот пазар често е мерка за оценка на конкурентската способност на ниво на претпријатие, без да се земе предвид како е постигнат.
  • Оваа мерка не се однесува за случаи кога се во прашање големи компании кои оперираат на различни пазари како и мултинационалните претпријатија.
Конкурентската способност во однос на сопствената цена на чинење е најчесто користен индикатор за конкурентноста на ниво на производен сектор и претпријатие. Општо прифатено е мислењето дека колку е пониска цената на чинење толку поконкурентно способни се претпријатијата или производниот сектор. Сепак и покрај тоа што цената на чинење на производството ни овозможува да имаме некаква претстава за споредување на позициите на одредени производи меѓу земјите, неможе да се земе без резерва нивната ефективност. Бизнисот може да биде конкурентско способен во однос на цената но да трпи загуба по економски показатели поради ниска пазарна позиција или лош имиџ на производот.Најчест индикатор за конкурентска способност се „конкурентските цени„. Тој е тесно поврзан со конкурентска способност во однос на трошоците и има важна улога при определување на пазарните позиции. Сепак не ги разјаснува можностите во однос на ефективноста на бизнисот или на гранката. Еден бизнис може да биде конкурентен во однос на цената но заради низок квалитет и лош маркетинг таа можност неможе да се оствари со продажбата и добивката. Друг показател за конкуретска способност е „конкурентска способност на квалитетот„. Конкурирањето само со цената не е секогаш добра форма на конкуренција. Кога квалитетот е клучен елемент на конкуренцијата како што се случува во многу средоземни земји со земјоделски и прехранбени производи, да се произведуваат по многу ниски цени што значи неуспешна стратегија. Цените можат да служат како показател за квалитет, но ниски цени индицираат на низок квалитет. Анализата на конкурентната способност врз база на одделни показатели како што се: цена на чинење, продажна цена, или квалитет е погоден инструмент за прогнозирање на последиците од трговската политика или во односите со државата, некои производства или некое претпријатие, но не е толку подесно за процесот на развој. Потребен е повеќестран пристап кој што вклучува различни инструменти. На пример, анализа на развојот по производи, конкурентска способност на цената, трговскиот биланс како и дел на надворешни пазари. Што се однесува до земјоделството, пример за такви инструменти се развојот на продуктивноста и меѓународната конкурентска способност кои треба да се анализираат пооделно или во комбинација (Мубарик 2004 год.). И покрај тоа, заради предностите на мерењето, тоа кое што се користи обично е меѓународната конкурентност. Тоа се изразува преку способноста на земјата да нуди производи по конкурентни цени со подобар квалитет и со поширок асортиман. Исто така конкурентната способност зависи од способноста на земјата да увезува производи кои што неможат да бидат произведени на нејзина територија преку конкретна сезона или преку цела година. Конкурентската способност на земја извозник обикновено се мери врз база на два критериуми: конкурентска способност на цените и конкурентска способност на објективноста од која се формира конкурентската способност на квалитетот (Липхитз 2006 година).Анализата на конкурентска способност за определена земја во однос на другиот дел од светот е сложена бидејќи се користи „Баласа индекс„ кој покажува колку една земја располага со „отворена„ споредбена предност, но не да се определат изворите на споредбената предност. Така оценката на споредбените предности на една земја преку индексот се базира на спецификацијата на нето извозот според останатиот дел од референтната група (во предвид се земаат сите страни во светот). Таб. 1. Извоз и увоз на земјоделството и учество во вкупната размена
Производи Година Извоз  % Увоз %
2008 2013 2008 2013
Живи животни 0,1 0,1 0,0 0,0
Месо и преработки 0,8 039 2,6 2,6
Млеко, преработки и јајца 0,2 0,2 0,6 0,9
Риба и преработки од риби 0,3 0,1 0,4 0,4
Жита и преработки 1,0 1,6 1,7 1,5
Зеленчук, овошје и преработки 4,2 4,5 1,1 1,3
Шеќер, преработки и мед 0,3 0,3 0,7 0,9
Кафе, чај, какао и зачини 0,4 0,3 1,0 1,2
Добиточна храна 0,0 0,0 0,4 0,5
Разни производи за исхрана 0,5 0,5 1,0 1,2
Пијалоци 2,5 2,1 0,5 0,6
Тутун и преработки 3,1 4,3 0,3 0,6
Маслодајни семиња и плодови 0,1 0,1 0,2 0,0
Животински и растит. суровини и материјали 0,2 0,2 0,3 0,3
Животински и растителни масла и восоци 0,3 0,2 1,0 1,0
Вкупно за земјоделството 100,00 100,00 100,00 100,00
Учество (%) во вкупниот извоз и увоз 13,9 15,4 11,2 13,0
Друг поедноставен метод претставува мерење на процентуалното учество на одделни производства кон вкупните трговски движења на земјоделството (таб. 1). Во основа тоа покажува развој на долгорочен план на увозот и извозот за одделни производства во земјоделството од 2008 до 2013 год. Средните вредности во овој период се позитивни и за извозот и за увозот, но темпото на раст кај увозот се осетно повисоки од извозот, што води непрекинато кон зголемување на дефицитот во земјоделството. Во овој шестогодишен период, земјоделството го одржувало учеството во вкупниот извоз и увоз во РМ на приближно исто ниво, но исто така релативно слично се зголемило учеството во вкупниот извоз и увоз на РМ. Од анализа на податоците од табелата е јасно дека повисоките трошоци за увоз секој пат се однесуваат на категориите месо, жито и млеко, додека зголемување се забележува во извозот на овошје,  зеленчук и тутун, а покрај нив во извозот важно и трајно значење добиваат  и пијалоците. Проф. Др. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?