16 Декември, 2025
0.0559

Како до повеќе жени информатичарки?

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2018 06:33

Добивај вести на Viber

Информатичкиот сектор нуди високо квалификувани, добро платени работни места, но се уште не успева да привлече и да вработи многу жени. Во Македонија, само 23 отсто од вработените во информатичко- комуникацискиот сектор се жени иако можностите за нивен ангажман се многу големи. Сепак, ваквиот низок процент не е карактеристичен само за нашата земја. Напротив, во некои поразвиени европски земји, овој процент е дури и помал. Така, на ниво на Европска унија, жените сочинуваат само 16 отсто од вкупно 2,7 милиони луѓе кои се вработени или се образовани за информатичко- комуникациски технологии.

Бројките од Евростат покажуваат дека мажите доминираат во Дигиталната ера. Во Чешка дури 93 отсто од вработените во ИКТ секторот се мажи, а висок машки удел има и во Унгарија и во Полска (и во двете по 90 отсто). Во Германија овој процент изнесува 86 отсто, во Шведска 78 отсто, во Хрватска, 87 отсто, а во Естонија 83 отсто. Од земјите- членки, најмал удел на мажи во ИКТ секторот е забележан во Бугарија (66 отсто), Ирска (73 отсто) и Романија (75 отсто).

Работа од дома, флексибилно работно време, слободни денови за семејни потреби, ова се само дел од мерките со кои што може да се привлечат  и задржат жените во ИКТ секторот и воопшто во било која индустрија. Поттик за поголем удел на женскиот ум и сила во растечката индустрија за информатички технологии даваат Обединетите нации, а и Европската комисија со покренување на програмата „Девојки во ИКТ“. Целта на оваа програма е да се поттикнат девојките во што поголем број да се запишуваат на информатички студии и потоа да играат поактивна улога во Дигиталната ера.

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), како глас на македонската ИКТ индустрија, ја поддржува оваа кампања во земјава.

- Следно ниво на оваа иницијатива е како да ги поддржиме мајките што работат со цел нивен полесен баланс на приватниот и службениот живот. Само добар пример може да покрене масовни измени во оваа насока. Да бидеме креативни и да пробаме нешто ново- вели Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.

Таа вели дека жените се најнеискористениот талент од аспект на обрзование и експертиза со кој впрочем веќе располагаат компаниите, а не се ни свесни за тоа.

- Тие се вредни, емоционално интелегентни, способни за мултитаскинг и бескрајно лојални. Статистиките покажуваат дека мешаните тимови кои вклучуваат мажи и жени секогаш функционираат подобро. Успешните компании во светски рамки имаат жени во сите нивоа на постоење и функционирање, а пред се, тоа го практикуваат на најмалку 30 отсто од раководните позиции. И ние можеме во Македонија да си поставиме таков таргет доколку сакаме и во одреден временски распон да го оствариме- посочува Никова.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност