05 Декември, 2025
0.0524

Како до повисока плата!?

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2013 20:48

Добивај вести на Viber

За многумина интервјуто за работа е тежок предизвик. Од прашањата поставени од страна на работодавците, зависат не само професионалните планови, туку и  приватниот живот. Сепак како едно од најтешките прашања е очекуваната плата. Експертите советуваат: Подгответе се Човек вреди толку колку што сам си оценува, гласи правилото. Дури и тоа да звучи претерано, не е лошо да се разгледа својата идна плата од три аспекти: каква е сумата за која не би почнале работа - платата треба да ги покрива барем основните потреби; износот што е доволен за вас и „идеална“ плата за оваа позиција. Обидете се од овие информации да одредите средна вредност на платата во одбраниот сектор во фирмата каде што сте повикани на интервју. Тоа се вашите почетни позиции, од кои може да почнете со преговори. Бидете самоуверени Основната премиса е да се задржи мирот и да зборувате самоуверено. Успешна стратегија е ако ги споменете своите вештини и квалитети, но само ако ги поткрепите со примери, а потоа и додаде дека очекувате плата која одговара на вашата компетентност за позицијата. Играта мачка и глушец Преговорите за платата во голема мера зависат од тоа кој прв ќе даде одредена сума. Избегнувајте да кажете дефинитивна цифра. Ако ве прашаат за претходната плата, слободно можете да одговорите дека таа веќе не одговара на вашите стекнати знаења и квалификации, без да ја кажете сумата. Можете наместо одговор, да поставите контра прашање- на пример објаснете дека би сакале да знаете повеќе за идни обврски, пред да наведете сума. Сосема дозволиво е да кажете и дека би сакале да слушнете какви се можности за напредок предвидел работодавачот. Ако сепак излез нема!? Ако се најдете во позиција од која не можете а да не кажете сума, направете го тоа мирно. Не кажувајте конкретна цифра туку кажете на пример дека очекувате плата во опсег од 24 000 до 20 000 денари. Ваквиот спротивен ред при изнесување на сумата има свое значење, тврдат психолозите: мозокот ни го меморира многу појасно првиот број и е подготвен да не обрне внимание на второто. Останете отворени за преговори Покажете дека останувате отворени за преговори. На пример, можете да потсетите дека освен за платата, вистински сте заинтересирани за можностите за развој и успешна кариера во компанијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј