Како до специјализирани и вешти кадри кои носат вистински резултати во бизнисот?
Објавено во: Мои пари 26 Март, 2013 13:58
Недостатокот на квалификувани кадри кои се интелектуално и професионално подготвени за бизнис предизвици во голем дел компаниите го надоместуваат преку интерни обуки и доквалификации, што пак за нив претставува дополнителна инвестиција но и потрошено време и енергија.
Во голем број светски компании дури се отворени и интерни академии и едукативни центри, како би можеле преку неформалното и тесно специјализирано образование да ги креираат кадрите кои им се потребни.
По терк на светски реномираните брендови, најголемата ИТ компанија во Македонија и регионот, Seavus, пред 3 години го основа Seavus едукативниот и развоен центар (СЕДЦ) за да одговори на растечката потреба на пазарот за континуирана доедукација и оспособување на клучните кадри како за своите така и за потребите на другите компании од Македонија и регионот.
-Академијата располага со современи и напредни бизнис и ИТ курсеви со кои се унапредуваат вештините на јуниорите, но и на сениорите од овие области,, , вели Ирена Чаушевска, директор на СЕДЦ.
-Она што го прави привлечно неформалното образование е фактот дека ваквиот вид на образование е флексибилно, се реализира најчесто во попладневните часови, и го посетуваат професионалци од различни профили по самостојна одлука или со финансиска поддршка од матична компанија, во помали групи, што овозможува постигнување на значајни резултати за релативно краток временски период . Фактот што програмите се организирани на различни нивоа возраста и претходното искуство не се пречка за посета на истите,, - додава Чаушевска.
Во SEDC во текот на целата година се организираат обуки од областа на ИТ технологиите, како и бизнис курсеви. Во рамки на центарот функционираат и Академија за дизајн со три насоки: Графички дизајн, Веб дизајн и 3Д моделирање и Академија за програмирање со програмата Веб програмирање, со интензивни практични елементи.
-На слушателите им се овозможува движење по еден вид „брза лента“ од моментот на завршување на програмата кај нас до нивно вработување и тоа на соодветно работно место во добра компанија, или пак унапредување на повисоки работни позиции доколку станува збор за веќе вработени учесници. Специфично е и тоа што за успешните студенти на целогодишните програми овозможуваме и поддршка и менторство за започнување со сопствена компанија во рамки на нашите простории. Во 2012 година можеме да се пофалиме со над 70 успешни приказни каде што имаме целосно заокружен процес и тоа од тестирање на заинтересираните кандидати, преку едукација и тренинг, до практична работа и можност за вработување, вели Чаушевска.
Значењето на образованието останува клучно во градењето на професионалци, но интернационализацијата и напредните технологии го менуваат начинот и формата на учење. На сцена се бизнис и ИТ академии чии програми се базирани на најновите трендови и проекции и се компилација од теорија, практични вежби и проекти и т.н. меки вештини.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





