16 Декември, 2025
0.0671

КАКО ДОШЛЕ И КАКО СЕ ПОТРОШИЛЕ СИТЕ ДОНАЦИИ ЗА КОВИД-19 - сите податоци и бројки на едно место

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2020 13:34

Добивај вести на Viber

За сите парични и за нефинаниските донации што ги добила власта и државните органи за борба против корона кризата, и што е уште поважно, за тоа како биле потрошени парите, јавноста ќе има целосен увид преку надградената апликација coronavirus.gov.mk.

Ова денеска на пресконференција го соопшти министерот министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Според него, пандемијата од коронавирусот целосно го смени начинот на живот во земјава и во светот. Таа предизвикува тешка здравствена, но и економскса криза, каква што современото човештво не познава. 

„Земјава се наоѓа во уште покомлицирана состојба од другите држави. Заради крајна несериозност на дел од политичките партии застапени во Собранието, како и заради правосуден дилентантизам, државата во најтешкиот период од нејзиното постоење остана без функционален парламент. Техничката Влада која беше формирана само за да организира фер и демократски избори, се најде во позиција да ја преземе огромната одговорност за водење на државата и за менаџирање на кризата. Ескалацијата на КОВИД кризата се случи на почетокот на март. На барање на Владата, претседателот на државата неколку пати прогласуваше вонредна состојба, која траеше од 18 март до вчер, вкупно 97 дена. Во целиот изминат период проследен со неактивен парламент, Владата носеше уредби со законска сила, и усвои многу конкретни мерки што значат сериозно ублажување на ударот на здравствената и економската криза врз граѓаните и стопанството“, нагласи Поповски. 

Според него, во овој период се јави потреба од интервентни и итни јавни набавки, воспоставување на фондови за донации од правни и физички лица од земјата и од странство, како и користење на средства од меѓународни извори за спрвување со последиците од кризата.

За да нема никаков сомнеж како се реализираат сите овие трансфери, како што рече, Владата на негов предлог на 26 мај донела одлука, во насока на зголемување на фискалната транспарентност, да ја надгради веб страницата coronavirus.gov.mk, со податоци за финансиска транспарентност поврзани со кризата. 

„Воедно, ги задолжи сите институции, што имаат било какви трансакции поврзани со КОВИД-19, да ги внессат во веб апликацијата. Целта на оваа веб страница е јавноста да ги има на увид сите информации за средствата кои се слеваат и се трошат од буџетот, како и евиденција на сите нефинансиски донации кои се добиени како помош“, рече министерот.

На оваа веб страница ќе бидат објавувани јавни набавки направени од институциите на централно ниво кои се однесуваат на справување со КОВИД-19 кризата, податоци за нефинансиски донации од сите институции, податоци  за финаснсики донации за наменски донациски сметки за Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, кои автоматски се објасвуваат на дневна основа, како и податоци за сите исплати од буџетот кои се направени во рамки на буџетската програма П1 - мерки за справување со КОВИД-19 кризата.

Беше дадена и презентација, која ја подготвиле Некстсенс, со цел јавноста да се запознае како функционира и како се користи веб страницата. 

За надградбата на оваа веб страница, за финансиска прегледност на парите кои се слеваат и одлеваат во буџетот, направена е и надградба на Елекстронскиот систем на јавни набавки, за сите веќе реализирани јавни набавки и за сите набавки во иднина, како и надградба на порталот Отворени финансии во делот КОВИД-19. 

Исто така, Владата ги задолжила министерствата и органите во нивни состав, како и самостојните органи на државната управа кои примиле нефинансикси донации, во рок од 5 работни дена нив да ги внесат преку административниот панел што е овозможен во рамките на оваа надградба, и во иднина ќе треба да продолжат да ги внесуваат.

„Со поврзување на базите на институциите со електронскиот систем за јавни набавки, граѓаните, медиумите, како и сите заинтересирани ќе можат на едно место да се информираат за сите трошења поврзани со КОВИД-19“, објасни Поповски. 

Тој вели дека оваа алатка е во насока на одговорно и транспарентно информирање, и само така се гради систем на доверба во институциите, наспроти машинеријата на лажни вести. 

Поповски им се заблагодари на УСАИД, на Меѓународниот републикански институт, како и на невладините и експертите, за нивната помош и поддршка во изработката на оваа апликација.

На новинарско прашање министерот одговори дека оваа апликација е многу значајна, бидејќи и во Владата, но и во јавноста се чувствуваше долго време потреба на едно место да бидат сублимирани сите донации, трошења и јавни набавки поврзани со КОВИД-19. 

„Сметам дека сега ќе биде многу поедноставно пребарувањето, дека граѓаните и медиумите ќе можат веднаш да допрат до информации“, рече Поповски. 

Оваа апликација, тврди тој, нема ништо да го чини државниот буџет. 

„Во соработка и со огромна помош на УСАИД, ИРИ и невладините, нема да чини ништо, само ќе биде од бенефит за граѓаните“, рече Поповски. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“