19 Декември, 2025
0.0499

Како една мајка создаде мултимилионски бизнис со 500 долари?

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2014 18:00

Добивај вести на Viber

Како извршен директор на мултимилионска компанија за дизајн на накит и активен филантроп, работата на Кендра Скот, никогаш не запира. Ако човек сепак ја запраша оваа зафатена жена како би се опишала , таа не се двоуми да каже : " Прво јас сум мајка" , пишува CNBC . „Создадов компанијата која ми овозможи да бидам мајка и тоа беше мојот најголем приоритет уште од првиот ден", вели Скот. Како основач и претседател на Kendra Scott Design таа е една успешна „мајка претприемач". "Тоа е нов термин кој ги опишува жените кои владеат со сопствени компании, додека во исто време се грижат сами за децата," наведува Investopedia. А Скот е една од милионите такви жени. Во САД има околу 7,8 милиони компании кои се во сопственост на жени, а економскиот ефект , кој го создаваат жените претприемачи е близу 3 трилиони долари. За Скот, балансирањето на тоа да е мајка на две момчиња и да раководи со компанијата, има свои предизвици. Баласирането сепак и дозволува да биде најдобра мајка, додека во исто време го прави она што сака - накит. Идејата на Скот за Kendra Scott Design се раѓа пред околу една деценија, додека релаксирачки во кревет, за време на бременоста со првиот нејзин син , таа почнува да се занимава со скапоцени камења и да прави накит. Тогаш и доаѓа на памет една храбра идеја, да создаде сопствена колекција . „Навистина почувствував дека на пазарот на накит има бела дамка . Имаше многу , многу преценети работи кои не можев да си ги дозволам или пак беа многу евтини , кои се распаѓаат откако ќе ги купиш ", вели Скот . Скот е обожавател на модата одамна и кога имала 19 години, основајќи сопствена компанија, The Hat Box. По пет години, предизвиците на бизнисот се докажуваат премногу големи за неа и компанијата , за на крајот да банкротира. Скот решава да се обиде повторно во 2002 година, но овој пат со накит. Во тоа време таа го родила првото дете, а сопругот бил без работа. Сепак, Скот повлекла 500 долари од банкарската сметка , за да купи скапоцени камења и да почне да прави сопствени накит. Таа се потпира на себе и ја создава компанијата Kendra Scott Design , работејќи во слободната спална соба во својот дом во Остин, Тексас . „Не можам да ви кажам колку пати го добивав одговорот " не " . Не можам да ви кажам колку луѓе ми велеа - "Никогаш нема да успееш. На пазарот постојат толку многу дизајнери на накит ", вели Скот. Таа прво успева да ги убеди локалните продавници да го продаваат нејзиниот накит. По многу години, таа конечно се здобива со инерција и почнува да го привлекува вниманието на големите стоковни куќи како Neiman Marcus , Nordstrom и Bloomingdale's . Денес нејзиниот накит се продава во повеќе од 1 000 бутици во целиот свет. Ѕвезди како Камерон Дијаз , Ева Лонгорија и Софија Вергара носеле нејзин накит. Самата Скот има седум бутикци во САД , а нејзината мала компанија веќе има 125 вработени.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии