29 Март, 2023
0.0247

Како една тепачка на наркодилери во Охрид, стигна до Брисел

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Кога на 19 јануари во угостителски објект во Охрид пет лица најпрво вербално, а потоа и физички се пресметале поради меѓусебни долгови од криминална природа, ретко кој од нив можеше да претпостави дека нивните нарко-недоразбирања можат да ги достигнат овие димензии. Како долгот од 500 евра за неплатен кокаин стана главно прашање во македонско-бугарските односи, а овие последниве тоа го пренеле до Брисел, пишува МКД.

На 19 јануари, браќата Сереј и Саво, Илија и Н.Н. (сѐ уште непознато лице за полицијата) влегле во кафеаната „Тино“ каде бил и Христијан Пендиков, новопечениот Бугарин и секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“. Четворицата почнале да си го бараат долгот од 500 евра од Христијан за претходно предадениот кокаин. Христијан веќе подолго време успешно ги избегнувал, но овојпат морал директно да се соочи со неговите довчерашни добри нарко-соработници. Немал 500 евра, почнала вербална расправија за време на која биле споменати и мајки и сестри и Бугари и шајки..., за да на крај сѐ заврши со скршената вилица на Пендиков која била оперирана во Софија.

Во охридската полиција имињата на сите актери на тепачката во „Тино“ се добро познати по нивната криминална природа. Се работи за лица кои биле регистрирани во полициските записници, чии имиња се поврзани со тепачки, насилство, нарушители на јавниот ред и мир и препродавачи на дрога. Веќе објавивме дека Пендиков лани на 17 јануари бил фатен како препродава кокаин во село Лескоец и дека против него има кривична пријава за препродавање дрога, пишува МКД

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ НА ЈАНА СО ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Девојчето после половина од инфузијата почна да се тресе од болки, но докторката не дојде да праша како е

РОДИТЕЛИТЕ НА ЈАНА СО ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Девојчето после половина од инфузијата почна да се тресе од болки, но докторката не дојде да праша како е

ДНО: НЕКУЛТУРЕН И НЕДОЗВОЛИВ ГОВОР - професорката Павловска-Данева со жестока реакција за Ковачки

ДНО: НЕКУЛТУРЕН И НЕДОЗВОЛИВ ГОВОР - професорката Павловска-Данева со жестока реакција за Ковачки

И БЕКТЕШИ Е ПО СПОРТОТ, ПОРАНО ИГРАШЕ ЗА ВЛАЗРИМИ, А СЕГА КАЈ ГРУБИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА - премиерот со пошегува со спортските активности на ДУИ

И БЕКТЕШИ Е ПО СПОРТОТ, ПОРАНО ИГРАШЕ ЗА ВЛАЗРИМИ, А СЕГА КАЈ ГРУБИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА - премиерот со пошегува со спортските активности на ДУИ

ВИДЕО: СНЕГ ПАЃАШЕ ВО СКОПЈЕ!

ВИДЕО: СНЕГ ПАЃАШЕ ВО СКОПЈЕ!

НЕКОИ ПОЗДРАВУВА, АМА НЕКОИ НЕ ГО ШТЕДЕА - дали се доволни два денари поевтини макарони и денар за јајца, премиерот трпеливо одговараше

НЕКОИ ПОЗДРАВУВА, АМА НЕКОИ НЕ ГО ШТЕДЕА - дали се доволни два денари поевтини макарони и денар за јајца, премиерот трпеливо одговараше

ОД ВАШАТА ЛАГА ГИ ИМАВ ПРОБЛЕМИТЕ, А И ЗА ВТОРАВА И ЗА СИТЕ ДРУГИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА СУД - Петровска му одговори на Ковачки

ОД ВАШАТА ЛАГА ГИ ИМАВ ПРОБЛЕМИТЕ, А И ЗА ВТОРАВА И ЗА СИТЕ ДРУГИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА СУД - Петровска му одговори на Ковачки

Обвинителството отвори предмет за надзорот на новите автопати

Обвинителството отвори предмет за надзорот на новите автопати

Пратеникот Ковачки: Министерката Петровска секој ден користи седативи

Пратеникот Ковачки: Министерката Петровска секој ден користи седативи

Пеце Суперхикс: Син ми е ишамаран и исклоцан од четворица деликвенти, полицијата ги знае ама ништо не им може

Пеце Суперхикс: Син ми е ишамаран и исклоцан од четворица деликвенти, полицијата ги знае ама ништо не им може