Како Грците ќе се грижат за здравјето за туристите?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 05 Јуни, 2020
Безбедноста и здравјето на туристите и туристичките работници е приоритет на Грција во пресрет на сезоната.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека ова лето ќе биде поразлично од претходното.Тој потсети дека првите туристи ќе пристигнат на 15 јуни, а ќе се вршат само тестирања по случаен избор.
Мицотакис изрази надеж дека од 1 јули, ќе може да бидат отворени „за пријателите од сите делови на светот што сакаат да ја посетат Грција”.
Премиерот вели дека туристичките работници, ќе треба да ги почитуваат правилата за лична заштита, а државата ќе биде строга во контролите.
Властите се свесни дека бројот на гости ќе биде значително помал во споредба со лани, кога Грција ја посетија 33 милиони луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.