Како ќе изгледа Фејсбук за десет години?
Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2014
Фејсбук неодамна ги соопшти резултатите од третото тромесечие на 2014 а основачот на оваа социјална мрежа Марк Цукенберг на конференцијата најави и амбициозни планови за компанијата за годините кои допрва следат.
Фејсбук во следните пет години планира уште посилно фокусирање на Instagram, Messenger, WhatsApp i Search, поврзување со нив милијарди луѓе и од се да направи важен бизнис. Посебен акцент притоа ќе бие на сервисите за праќање кратки пораки Messenger и WhatsApp.
„Во текот на следните неколку години наша цел е од Фејсбук да направиме вкрстена платформа која на девелоперите ќе им овозможи изградба, раст и монетизација на апликацијата ширум секоја мобилна платформа“, рече неодамна Цукенберг.
Фејсбук има планови и за наредните 10 години во кои се планира фокус на движењето на фундаменталните промени како би се остварила мисијата „поврзување на цел свет“, разбирливи големи пресврти во вештачката интелигенција и развој на следната генерација компјутерска платформа.
Цукенберг притоа става акцент на Oculus, компанијата за виртуелна реалност која Фејсбук неодамна ја купи, но и на проектот t Internet.org, чија цел е да се донесе интернет во оние делови на светот во кои уште не е достапен.
Накратко, Цукенберг наредните години сака да поврзе милијарда луѓе по пат на своите производи како што се WhatsApp, Messenger и Oculus, а после постигнувањето на критичната маса, ќе тргне во агресивна монетизација на срвисот. Истовремено, Фејсбук планира да ги подобри огласувачките можности за бренодви, посебно во мобилниот сегмент, а долгорочен план е и развој на компјутерска платформа на следната генерација која би требало да се темели на виртуелна реалност и Oculus.