05 Декември, 2025
0.2583

Како ќе се развива македонскиот аграр во следните пет години?

Објавено во: Агробизнис 15 Ноември, 2014 09:24

Добивај вести на Viber

Модернизација на производството, зголемување на конкурентноста на земјоделско-прехрамбените производи, поддршка за земјоделски задруги, примена на добра земјоделска практика, развој на руралните средини, ова се дел од целите на новата Нацрт стратегија за земјоделството и руралниот развој- 2014-2020 година. Во следните седум години поддршката за земјоделството ќе изнесува нешто повеќе од 1 милјарда евра. -Вкупниот износ на средствата кој ќе биде издвоен за поддршка на политиките во земјоделството во следниот седумгодишен период е 1,1 милјарда евра. Во насока на модернизацијата на секторот и подобрување на условите за живот и работење во руралните средини е предвидено значително зголемување на средстава за кофинансирање на приватните инвестиции во земјоделските стопанства и преработувачките капацитети, и особено оние кои ќе бидат инвестирани во руралната инфраструктура и наводнувањето, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
Во стратегијата се посочува дека во следните пет години акцент ќе се стави на зголемувањето на конкурентноста на македонското земјоделско производство и прехрамбената индустрија, развој на руралните средини и одржливо управување со природните ресурси.
-Во насока на постигнување на стратешката цел, во следниот период земјоделскиот сектор треба целосно да се оринетира кон потребите на потрошувачите и пазарните сигнали, да ја зголеми својата ефикасност во работењето , економијата на обем и адаптибилност на промените во насока на обезбедување на производ со поголема додадена вредност кој е атрактивен и квалитативно поразличен од конкуренцијата. Политиките во следниот стратешки период кои треба да го поддржат секторот во постигнување на ваквите очекувани промени, го рефлектираат континуитетот на веќе етаблираната грижа на македонската држава за развојот на земјоделско- прехранбен сектор и руралните средини, се наведува во стратегијата. Со кои предизвици ќе се соочи земјоделството? Како клучни слабости се посочуваат голем удел на мали земјоделски стопанства со многу мали просечени производни капацитети по стопанство, висок степен на парцелизација на земјоделското земјиште и приватно шумско земјиште со  органичен пристап на вода и патчиња до парцелите, ниско ниво на образование, несоодветни квалификации, деловни и менаџерски вештини на работната сила во земјоделството и руралната популација, неповолна сортна и расна застапеност, недостаток на сопствен капитал и отежнат пристап до кредити на малите земјоделски стопанства особено, слаба интеграција на синџирите за храна и недостиг на вертикална и хоризонтална интеграција, ниска продуктивност во земјоделството и прехранбената индустрија, висок удел на земјоделски производи со ниска додадена вредност и друго.
Од друга страна како предности на македонскиот аграр се наведуваат богатата традиција во производство на различни примарни производи и преработена храна,висок природен потенцијал за земјоделско производство и производство на дрвна маса,добар имиџ на македонските земјоделски и прехранбени производи реработувачката индустрија во земјите од регионот и друго.
Во следните седум години како закани за македонското земјоделство се наведуваат губењето на работоспособна сила  во земјоделството и шумарството, поради миграција, зголемување на трошоци на инпути и намалување на достапно земјоделско земјиште, зголемување на трошоците за бизнис да прилагодување на постојано зголемување на квалитетот, безбедноста на храната и стандардите на животната средина, како и зголемената конкуренција на домашниот пазар. Можности кои ќе треба да се искористат се новите технологии во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарствотом,  зголемување на приходите и зголемување на домашната побарувачка за земјоделски и прехранбени производи со висок квалитет, подобрен пристап до пазарите на ЕУ и пенетрација на алтернативни пазари,зголемување на домашната финансиска поддршка и поддршката на ЕУ,зголемување на странските инвестиции, основање на задруги и за заеднички маркетинг и пласман и отварање на нови откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук. Мерки за подобрување на системот за наводнување Во стратегијата се посочува дека поради лошата состојба со системите за наводнување и одводнување, клучно за зголемување на нивната ефикасност ќе биде  рехабилитацијата. -Иако, овој процес е приоритетен и неминовен за обезбедување на одржливост на системите за наводнување и одводнување, сепак треба да се даде акцент и на инвестициите во нови системи и објекти, особено таму каде нема покриеност со системи за наводнување и одводнување.  Мерките за подобрување на ефикасноста и одржливоста на постоечкиот модел на управување со хидромелиоративните системи се во правец на доуредување на законската регулатива и односите помеѓу водостопанствата и водните заедници, подобрување на организацискиот и техничкиот капацитет на водостопанствата и водните заедници, подобрување на состојбата со одржување на инфраструктурата и објектите во рамки на системите за наводнување, подбрување на наплатата на водниот надоместок, воведување на база на податоци за корисниците и површините што ќе се наводнуваат во рамки на системите за наводнување, стои во стратегијата. Како се справи аграрот со климатските промени? Анализите покажале дека климатските промени негативно же се одразат врз земјоделскиот сектор укажуваат.
Најважните фактори кои ќе доведат до ограничувања во земјоделското производство се дефицитот на вода и појавата на периодична суша, како и зголемување на микро- регионите со сува клима. Негативното влијание ќе се посчувствува во сите региони во земјава, но јамногу  во централниот и југоисточниот дел на земјата. Најпогодени се очекува да бидат лозовите насади,  доматите, зимската пченица, јаболката.
-Потребни се мерки за адаптација за заштита на природни катастрофи, заштитата на животната средина и одржливо управување со ресурси, како и за адаптирање на климатските промени. Овие мерки се потребни повеќе со цел да се намали ранливоста на сегашните климатски промени, отколку заштита од идните екстремни временски услови. Примената на мерки за адаптација кон климатските промени, резултираат со зголемен принос и намалување на негативните ефекти од климатските промени. Промена на времето за сеидба или за наводнување може да придонесе за значително подобрување на приносите. Исто така, како соодветни мерки за адаптација кон климатските промени се сметаат и одгледување добиток, кој е генетски отпорен на топлина, се наведува во стратегијата. Како ќе се развиваат извозните земјоделски гранки? Во делот на градинарството, маркетингот ќе биде клучен фактор за поголема конкурентност на македонските градинарски производи. -Условите за извршување на постбербените активности особено во клучните производни региони треба значително да се унапредат за да се гарантира зачувување на квалитетот. Покрај поддршка на индивидуалните инвестиции, во главните градинарски региони ќе биде поддржана реализацијата на поголеми инвестиции - регионални пазарни логистички центри кои треба да ги подобрат условите и конкуренцијата во откупот на земјоделските производи, стои во стратегијата.
Кај виното како извозно ориентирана гранка во следниот период исто така ќе се подгне нивото на маркетингот.
-Зголемувањето на просечната извозна цена на македонското вино останува главна цел за подсекторот кој и понатаму ќе биде силно поддржан од страна на политиките. Очекуваните цели се дека до крајот на планскиот период учеството на извозот на вино во шише ќе се зголеми за нови 20% во вкупниот извоз и ќе изнесува околу 40%, додека учеството на извозот во другите извозни дестинации надвор од традиционалните пазари на југоисточна Европа и ЕУ најмалку двојно ќе се зголеми во однос на позициите во 2013 година, се наведува во стратегијата. Производството на тутун се очекува да се задржи на ниво помеѓу 25.000-30.000 тони годишно, но се посочува дека како извозен производ чиј откуп зависи директно од барањата на мултинационалните компании кои имаат регистрирани фирми во земјава, обемот на договореното производство и висината на пазарната цена произлегува од потребите за суровина на светска индустрија за цигари. Како позитивно се оценува влезот на компанијата Филип Морис во прилепскиот тутунски комбинат. Сепак се укажува дека глобалните активности за намалување на консумацијата на цигари може негативно да влијаат врз тутунопроизводство во државата. Во делот на овчарството како извозно ориентирана гранка, се наведува дека зголемувањето на конкурентноста на македонското јагне зависи од искористување на компаративните квалитативни предности кои треба да се финализираат со изградба на препознатлив бренд на македонското јагне на странските, пред се европски пазари. Ќе се бараат начини за изнаоѓање и освојување на нови нетрадиционални пазари, како што се пазарите на блискиот и далечен исток. Модернизација, маркетинг и финансиска поддршка е најавена и за во другите земјоделски сектори, каде се очекува во следниот период зголемено производство. Дел од мерките за развој на земјоделството се однесуваат на воведување на стандарди за квалитет на земјоделските и прехрамените производи, активности за зголемување на извозот, изградба на хидромелиоративна инфраструктура, подобрување на условите за живот во руралните средини,заштита на потрошувачи безбедност на храна,интервенции при вишок на производи, окрупнување на земјиштето и друго. Во стратегијата се посочува дека за спроведување на поставените земјоделски политики ќе бидат издвоени дополнителено зголемени средства од Буџетот на Република Македонија во однос на средствата кои се издвојуваа до 2014 година.
Така за 2014 година се планирани 140 милиони евра, а од 2015 година и во следниот период се планира годишно издвојување на износ од 150 милиони евра наменети за поддршка на развојот на земјоделството и руралните средини. Вкупниот износ наменет за политиките на директна финансиска поддршка во земјоделството и руралните средени за целиот стратешки период изнесува една милјарда и 40 милиони евра.
Заедно со средствата наменети за функционирање на институциите во земјоделскиот сектор, вкупните издвојувања на државата за земјоделството ќе се движат во висина од најмалку 5% од Буџетот на РМ на годишно ниво. Но согласно Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за периодот 2013-2017 година, во следниот петгодишен период за добивање  финансиска поддршка, односно субвенциите но и поддршката од другите политики, ќе биде потребно задолжително исполнување на дефинирани барања поврзани со примена на стандарди и постапки во производството кои се дел од системот на вкрстена сообразност, односно добра земјоделска практика. Воведувањето на ваквите барања е со цел стимулирање на примена на потребните агротехнички мерки во земјоделското производство кои треба да резултираат со постигнување подобрени резултати, повисок квалитет на производите, заштита на животната средина и обезбедување на оптимално користење на природните ресурси и енергијата. Дел од очекувањата од спроведените политики се позитивна стапка на раст на земјоделското производство од најмалку 2% годишно, извозот на земјоделско-прехрамбени производи да достигне најмалку 600 милиони евра,обемот на земјоделското производство кај тутунот задржан на сегашното производство, кај млекото и свинското месо зголемен за 10%, кај конкурентните земјоделски производи како што се зеленчукот, овошјето, производството на вино и јагнешно месо за 15 до 20%, и на неконкурентните увозни производи задржување на производството на сегашното ниво што ќе зависи од зголемувањето на продуктивноста преку примена на исправни методи од страна на земјоделците. Се очекува зголемен настап на странските пазари и нови извозни дестинации и зголемена абсорбцијата на ИПАРД средствата за периодот 2014-2020 година на најмалку 40%. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?