Како ќе се спаси германската економија?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 14 Август, 2020
Германската економија нагло ќе порасне во третото тромесечје, но опоравувањето ќе биде долготраен процес.
Најмоќната европска економија се опоравува од мај, по ублажувањето на ограничувањата кои се воведени за да се забави ширењето на коронавирусот.
Моќниот производствен сектор брзо се опоравува, но неговото опоравување во престојниот период ќе ослабне поради слабата побарувачката од земјите кои и натаму трпат тешки последици од пандемијата, предупредуваат од министерството.
На пазарот се наѕира стабилизација, констатираат, повикувајќи се на падот на бројот на невработени во јули, по тримесечниот период на силен раст.
Како дополнителен аргумент ја наведуваат и проценката на Сојузната агенција за труд (БАА) за падот на бројот на непријавените вработени од 6,7 милиони на 4,5 милиони во јуни.
Работите многу ќе зависат од текот на пандемијата кај нив и во светот.
Три европски земји имаат најголеми економски последици од пандемијата.Унгарија, Романија и Бугарија имаат најголем економски пад на квартално ниво.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.