25 Ноември, 2024
0.0286

Како „Комерцијална банка“ го „шлепа“ „Гранит“?

Објавено во: Економија 16 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Вложувањата на големите компании во акции на банки се покажа како оправдан деловен потфат на среден рокособено сега кога економијата се „ломи“ со „корона кризата“. Лани „Гранит“ годината ја заврши со добивка благодарејќи на неговите акции во „Комерцијална банка“ од кои зема еден милион евра дивиденда. Од оперативно работење „Гранит“ лани беше во „тенка“ загуба

Приходите од продажба на најголемата домашна градежна компанија лани паднаа за 19 отсто, а „Гранит“ минатата година ја заврши со минимална оперативна загуба, покажуваат неконсолидираниот биланс на успех на „Гранит“. Компанијата целиот приход од продажба лани го оствари од домашниот пазар, а годината ја заврши со добивка пред се благодарејќи на дивидендата од нејзините акции во „Комерцијална банка“.

Лани „Гранит“ од продажба на домашниот пазар инкасирал 65,4 милиони евра и тоа е за 19 отсто послабо од 2019 година. Речиси целиот приход од продажба на „Гранит“ лани бил на домашниот пазар. Вкупните оперативни приходи на оваа градежна компанија лани изнесуваат 70,6 милиони евра и тие се за 19 отсто пониски од претходната споредбена година. Залихата на „Гранит“ на крај на минатата година вреди 7,85 милиони евра и во однос на почетокот на годината е зголемена за нешто помалку од 900.000 евра. Останатите оперативни приходи изнесуваат 3,18 милиони евра и се за 17 отсто пониски од 2019 година.

Вкупните оперативни расходи на друштвото изнесуваат 70,6 милиони евра, а оперативната загуба лани е 9.000 евра. Во 2019 година друштвото завршило со оперативна добивка од 2,7 милиони евра.

Во структурата на оперативните расходи најголемо учество имаат услугите со карактер на материјални трошоци и тие изнесувале 32,06 милиони евра што е за 17 отсто помалку од претходната година. Трошоците за суровини и материјали се на исто ниво како претходната споредбена година и однеле 15,9 милиони евра. За вработените лани „Гранит“ платил 12,7 милиони евра или 4 отсто повеќе отколку во 2019 година. Најголем процентуален пад има кај останатите расходи кои изнесуваат 1,9 милиони евра и се за 69 отсто пониски од претходно.

Финансиските приходи се клучниот индикатор за тоа што „Гранит“ 2020 година ја заврши со добивка. Пред се тука најголемо е влијанието на дивидендата што „Гранит“ ја доби од акциите на „Комерцијална банка“. Вкупните финансиски приходи лани се 1,29 милиони евра од што над 1 милион евра се од дивиденда, пишува во паричкиот ток на „Гранит“. Финансиските расходи лани се 222.500 евра и се за 30 отсто повисоки од претходната година.

Добивката на друштвото е 1,06 милиони евра и е за 66 отсто пониска од претходната година. Севкупната добивка на „Гранит“ лани е 2,26 милиони евра и таа позитивна разлика од нето добивката е благодарејќи на растот на пазарната вредност на акциите на „Комерцијална банка“ кои ги поседува „Гранит“.

Од податоците достапни во билансот на состојба на „Гранит“ издвојуваме дека побарувањата на друштвото се намалени за 24 отсто до износ од 21,95 милиони евра. Краткорочните кредитни обврски лани се намалени за 41 отсто и изнесуваат 10 милиони евра, а вкупните обврски на градежниот гигант се 44,4 милиони евра и се за 29 отсто пониски од претходната споредбена година.

„Гранит“ лани на своите акционери им исплати дивиденда од 1,9 милиони евра односно бруто износ по акција од половина евро.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите