19 Декември, 2025
0.0546

Како компанија со еден вработен може да има 1 милион долари продажба?

Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2014 16:01

Добивај вести на Viber

На 27 години, Џои Хили генерира повеќе од 1 милион долари приходи годишно од студиото за обликување на веѓите The Joey Healy Eyebrow Studio во Њујорк, како и од поврзаната компанија која произведува и продава производи како шминка за веѓи. Хили, кој работи со голем број на познати клиенти како актерката Кира Сеџуик и со големи модни списанија, во изјава за CNBC вели дека не го создал бизнисот за еден ден. Во 2009 година тој почна да ги посетува богатите клиенти во Менхетен во нивните станови, за да им ги оформува веѓите. Со зголемување на побарувачката, тој отвора сопствено студио и почнува да наплаќа по 115 долари за обликување на веѓите, а наскоро потоа склучува договор за поделба на профитот со компанијата Completely Bare, која располага со четири спа центри во Њу Јорк и обучува стилисти таму за да ја користат неговата методологија. Хили е дел од елитната група претприемачи кои откриваат дека е можно една компанија да започне да генерира 1 милион долари приходи годишно без да има постојани вработени на полно работно време. Според официјалните податоци, во 2011 година во САД имало 28 835 компании, во кои работат само нивните сопственици, во чии извештаи е наведено дека имаат над 1 милион долари приходи. Хили кој има закажани часови за пет недели однапред, сфаќа брзо дека нема потреба од луксузен салон на улично ниво, бидејќи тој не прифаќа повремени клиенти. Наместо тоа, тој раководи со студио на Менхетн на седмиот кат од една зграда.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии