29 Септември, 2024
0.0258

Како Македонска берза сред пандемија „го прогласи короната за умрено“?

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Во услови кога дневно од корона „си заминуваат“ повеќе од десет лица Берзата одлучи да го укине бесплатниот пристап за следење на тргување во реално време (длабочина на куповни и продажни налози) со образложение во кое пишува (цитираме): Одборот на директори на Берзата одлучи од 01.10.2021 година да започнат да се применуваат комерцијалните услови за користење на овој продукт согласно важечкиот Тарифник на Берзата, освен доколку не дојде до нарушување на тековната епидемиолошка состојба (донесено на 29 јуни 2021 година)

Одборот на директори на „Македонската берза за хартии од вредност“ од денеска им ја укина бесплатната можност на инвеститорите кои тргуваат на берза да го гледаат пазарот во реално време со длабочина во куповните и продажните налози. Токму увидот во и прегледот на длабочината на продажните и куповните налози е основен индикатор за ефикасно реализирање куповни или продажни налози.

Одборот на директори на нашата берза во екот на корона кризата воведе потег што беше поздравен од целата индустрија со тоа што им овозможи користење на „Е трејдер“ трговската дигитална платфoрма бесплатно за сите инвеститори. Оваа платформа овозможува преглед на куповни и продажни налози, количини, цени, истргувани количини и електронско креирање налози за купување и продавање акции.

Со овој потег на бесплатно логирање на системот менаџментот на Берзата даде голем придонес на мерките за превенција од вирусот, но и за одржување на ликвидноста на пазарот и па дури и за развој на инвеститорската култура и нивото на дигитализација на тргување на нашата берза.

Сега менаџментот ја укина бесплатната можност за увид во длабочина на пазарот со образложение дека комерцијалните услови ќе се во примена доколку не дојде до нарушување на епидемиолошката состојба и тоа во услови кога секојдневно Министерството за здравство информира дека се заразуваат стотини и од корона вирус дневно умираат повеќе од десет пациенти!

Берзата е економски оператор и организатор на тргување со хартии од вредност , но е акционерско друштво чија основна цел е да остварува профит од работењето и тоа е сосема неспорно и легитимно. Сега Берзата уведува месечна претплата од 600 денари (со вклучен ДДВ) за сите инвеститори кои сакаат да имаат увид во длабочината на продажната и куповната страна на пазарот во реално време.

Во овој контекст сосема е легитимно прашањето зошто Берзта не воведе механизам за стимулиција на сите инвеститори со тоа што ќе воведе бесплатен пристап на „Е трејдер“ системот за сите кои истргувале акции и обврзници во вредност од (на пример) 2.000 евра месечно?

Што е поважно за менаџерите на Берзата да наплатат претплата на „Е – трејдер“ системот или во континуитет да го зголемуваат обемот на истргувани акции?

Навистина, крајно време е Берзата да почне да ги користи современите маркетиншки алатки за да привлече што повеќе инвеститори. Особено сега кога банкарските камати на депозити се крајно неконкурентни на дивидендните приноси на најдобите македонски акции.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија