Како Македонската железница, од крстосница, стана слепо црево на Балканот?
Објавено во: Анализа, Македонија 04 Април, 2013 08:23
Во меѓувреме, железничкиот товарен сообраќај е во континуиран пад, како по обемот на поминати километри така и во обемот на превезена стока. Лани со железница биле превезени 2.538.879 тони разновидна стока што е за 8,36% помалку од 2011, додека обемот на превоз изразен преку тонски километри изнесувал 422. 983. 411 нето тонски километри што е за 11,68% помалку од 2011 година.
Минатата година се остварени 726 илјади возни километри во товарниот сообраќај што е за 17,78% помалку од 2011 година. Ако се земе предвид дека токму возните километри се основа за пресметка на надоместокот за користење на железничката инфраструктура, која управителот на инфраструктура го наплаќа од превозниците, тогаш станува јасно дека нема пазарна логика за намалување на цената за надоместок за користење на пругите.
Во земјава, железницата се уште најмногу ја користат компаниите од металопреработувачката и рударската дејност како и нафтената индустрија..
Патниците незадоволни од услугите на Железницата
Минатата година не е констатиран само пад на товарниот железнички сообраќај туку и на бројот на патници кој лани се намалил за 28,83% во споредба со 2011 година.
Агенцијата за железнички сообраќај нотирала и дека во крајно лоша состојба се наоѓаат железничките станици во земјава кои не се доволно осветлени, имаат необележани перони а хигиената е на незадоволително ниво. Констатирано е и дека Железницата е во дефицит со капацитети согласно потребата за превоз на патници особено за време на викенди и државни празници..
Агенцијата за железнички сообраќај се уште не може да си ги наплати побарувањата
Иако уште лани, Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај предвидела изработка на неколку методологии за оценување на квалитетот на услуги на патниците, на железничките превозници како и анализа на пазарот на железнички услуги на конкурентноста во однос на патниот сообраќај, ниту една од нив не се реализирала поради недостаток на финансиски средства.
Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај, лани им тарифирала вкупно 130 илјади евра на двете јавни претпријатија МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт како годишна такса за регулирање на пазарот на железничките услуги. Од овој износ 30% биле фактурирани на МЖ Инфраструктура а 70% на МЖ Транспорт. Парите требало да бидат уплатени на сметка на Агенцијата најдоцна до 30 септември, ама до крај на минатата година, Инфраструктура извршила делумна уплата од 33 илјади евра, а МЖ Транспорт се уште ги немала подмирено обврските.
С.Н
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





