Како македонските земјоделци да им конкурираат на земјоделците од Европа?
Објавено во: Агробизнис 12 Февруари, 2015 08:29
Кај нас тоа не е широко применета практика. Но оние кои вложуваат и активно бараат бизнис можност имаат доказ дека македонскиот производ може да биде баран и успешно да продава и на странските пазари.
ПроКредит Банка во рамки на својата активност за поддршка на значајните бизнис сектори во македонската економија, награди 14 проактивни агро бизниси со саемска посета на самеот Фрут Логистка во Берлин. Дека македоснкиот агро претприемач може да продаде на Европскиот пазар е впечатокот од посетата на саемот во Германија. Се бара добар македонски домат, пипер, лубеници, јаболки, краставици, ајвар.
Учеството на најпроактивните македонски агро бизниси на саемот во Берлин потврда дека мора да се следат иновациите во земјоделството доколку се сака конкурентно производство
Прикажаните иновации и инвестициите кои ги прават европските земјоделски гиганти се можеби далеку од нас, но саемот може да понуди визија за потребите на европските пазари и инвестициите кои ни се потребни за да одговориме на барањата на Европскиот пазар.
5 клучни предизвици на македонскиот агро бизнис на кои мора што поскоро да се одговори
- Форми на заштита на земјоделскиот род од природни непогоди: системи за управување со наводнувањето и заштитни механизми
- Системи за анализа на почвата, квалитот на приносот
- Калибрирање на производот според класи
- Зачувување на квалитетен свеж производ подолг временски период: ладилници
- Развој на бренд, пакување и пласман
- Свежо овошје и зеленчук: јаболки, грозје, лубеница, краставица, пиперка
- Гаранција за стандардизиран квалитет и континуитет во испораката
- Органско овошје и зеленчук
- Готови производи во категоријата на здрава храна
Саемската посета беше пристап до шест илјади бизниси од целиот свет кои работат во тој сегмент. Најпроактивните агро бизниси од Македонија преку Ваквата поддршка од ПроКредит имаа можност да се запознаат со најновите технологии и иновации во земјоделието и да оставарат бизнис контакти за соработка. Така расте бизнисот, со носење на нови порактики кај нас, со инвестиции, со обид да се добијат клучни контакти за нов пласман.
‘’Специјализирана банка мора да ги следи трендовите во секоја индустрија со која работи исто како што ги следи еден проактивен бизнис. Тоа е начинот како специјализирана бизнис банка како ПроКредит умее да разбере кои се потребите на бизнисот и да понуди соодветна финансиска поддршка на инвестиции кои ќе го доближат македоснкиот агро производител до европскиот пазар. На тој начин еден бизнис од соработката со ПроКредит може да добие и повеќе од само финансиски средства. Во тоа е разликата да соработувате со универзална банка наспроти специјализирана бизнис банка. ‘’ изјави Стевче Кузмановски, Директор на сектор за работа со претпријатија од ПроКредит Банка.
Во доменот на финансиската подршка бизнисите може да очекуваат многу полесен пристап до финансирање и на износи до 250.00 ЕУР без обезбедување кои ќе бидат гарантирани преку Земјоделскиот Гарантен фонд, рок на отплата прилагоден на сезоналноста, здружено кредитирање на кооперативи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





