28 Март, 2024
0.0258

Како мигрантите станаа мотор на шведската економија?

Објавено во: Анализа 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Рстот е поголем од остатокот на ЕУ, што сведочи за поголем успех на земјата во интеграција на нови дојденци...

Хусам Ал Хомси дошол во Шведска во 2015 година, заедно со илјадници бегалци кои бегале од сириската војна. Три години подоцна, тој се наоѓа во демографската група која е во центарот на најголемиот шок на шведската политичка установа во столетието.

Во земјата од околу 10 милиони луѓе ќе се одржат национални избори на 9 септември, а анкетите покажуваат дека имиграцијата е моментално едно од најважните прашања на избирачите - ако не и најважно. Шведската демократска партија, националистичка партија која се залага за посилна контрола на бројот на доселеници дозволени секоја година, изгледа подготвено да фати најголем број места во парламентот, пренесува Блумберг.

Изгубена помеѓу политичката реторика е приказната која отскокнува, за луѓето како што е Ал Хомси кои испорачале во економијата 540 милијарди долари. Шведската брзина на внесување на голем број бегалци и мигранти, околу 600 000 вкупно во последните пет години, ги произвела некои од највисоките стапки на раст во Европа и ќе и помогне да се соочи со предизвиците на населението кое старее.

„Тие бегалци и имигранти дошле во вистинско време“, вели Ларс Кристенсен, економист и основач на консултантската фирма Markets & Money.

„Загрижен сум поради недостатокот на поттикнувањата за работа во шведската социјална држава, но не сум загрижен поради 250 илјади бегалци кои стигнале“.

Бруто домашниот производ пораснал повеќе од 3 посто во првите две тримесечија оваа година, што е значајно побрзо од растот околу 2 посто во еврозоната. Во последните неколку години, Шведска одобрила илјадници работни дозволи на развојни програмери на информациските технологии , берачи на бобинки и готвачи. Странските работници минатата година го забележале целиот раст на работата во индустрискиот сектор и 90 посто од нови работни места во секторот на социјална заштита, посебно здравствената заштита .

Министерот за финансии Магдалена Андерсон, рекла како новите дојденци сега добиваат работа два пати побрзо од доселениците кои стигнале доцна во последната деценија. Имигрантите во Шведска имаат стапка на учество во работната сила од околу 82 посто, што е околу 4 постотен поен повеќе од просекот во ЕУ.

 Сепак, пазарот на труд во Шведска имал тешки времиња за да го апсорбира тој голем прилив на луѓе, дури и со повеќе од 100 000 слободни работни места. Невработеноста меѓу странците изнесува 20 посто, во споредба со 6,8 посто од вкупниот број.

Шведските демократи сакаат земјата да престане да прифаќа баратели на азил. Тие тврдат дека зголемувањето на странците се заканува да го истошти составот на социјална заштита и ќе ја уништи социјалната кохезија на земјата. Партијата е подготвена да освои поддршка од повеќе од 20 посто од избирачите, одземајќи два главни блока од 50 посто потребни за формирање на цврста влада, покажуваат повеќето анкети.

Како што неодамна во 2014та, поранешниот премиер Фридрик Реинфелд ги повикал Швеѓаните да „ги отворат свите срца“ за имигрантите. Но големиот прилив во последните години го отежнувало чувството на гостопримиливост на Швеѓаните. Локалните медиуми редовно го поврзуваат криминалот со се поголем број на странци, прикажувајќи ги мигрантите како товар за даночниот обврзник. 

Неодамнешен извештај на стручната група за јавна економија, независниот одбор во Министерството за финансии , додал масло на огнот со процена на нето трошоците за јавни финансии од најновите бегалци до 74 000 круни  ($ 8.000) годишно по лице во текот на животот, Јоаким Руист, автор на извештајот, тврди дека бегалците ретко имаат право на образование или вештини кои им одговараат на потребите на шведски работодавци.

Ах Хомси има МБА, позадина во акции и недвижнини, и кариера која го однела во Дубаи, Куала Лампур, Москва и Нигерија. Штом добил азил, испратил повеќе од 300 пријави за работа. Добил една понуда за интервју: за неплатен стаж во Microsoft Corp. Тогаш ме погоди реалноста“ - рекол тој.

Конечно вратите ги отвориле во „мини МБА“ програма на Стокхолмската школа за економија која нуди 10 неделен натпревар во студии по менаџмент и шведската работна култура за новопримени експрти. Вклучени се седумдневен стаж во шведски фирми како што се Telefonaktiebolaget LM Ericsson и Spotify Technology SA, како и банки вклучувајќи ја Nordea Bank AB. Во текот на изминатите две години на програмот дипломирале 29 лица. Ал Хомси сега има работа во Deloitte Touche Tohmatsu doo во Стокхолм.

Институтот за технологија во Стокхол, води академија за развој на софтвер за нови дојденци а досега 80 лица ја завршиле обуката. 

Исмаил Алкадро, 34 годишен хирург од сириски град Рака, сега работи во болницата во Ескилстун, околу 90 минути возење од Стокхолм. Алкадро ,  кој стигнал во Шведска во 2014та, користи социјални мрежи за следење на состојбата на другите високообразовани експерти од својата земја кои се борат за наоѓање на работа. „Го знам лекарот кој отворил бизнис со пицерија“, вели тој, „уште еден кој работи во старата група“.

За да стигне во Шведска, Алкадро, патувал четири месеци пеш и со брод, надвор поминувајќи ги зимските вечери. Откако поминал низ 10 месечна постапка за азил, поминал година дена учење на шведски јазик и се подготвувал за тест како би добил лиценца за локална медицина. Добил три понуди за работа по поднесени 100 пријави.

„Работодавците се внимателни кога викаат личност со странско име на интервју“, раскажува тој, но не може да се откаже.


Извор: Блумберг

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот