КАКО МИСЛИШ ДА СЕ ИЗБОРИШ ЗА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА, СО ПРОТЕСТ ИЛИ СО МАГИЈА: Трендафилов повикува на вклучување во борбата за повисок минималец
Објавено во: Економија 24 Август, 2025 13:47
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов вели дека 169.082 работници во Македонија работат за плата под 500 евра.
„Треба да знаеш дека фрапантни 1/3 или 33,1% од работниците примаат плата под 500 евра. Ние од ССМ се бориме за 169.082 работници да добијат 500 евра минална плата. На последниот протест за 500 евра минимална плата имаше околу 7.000 луѓе со ССМ, но што прават останатите 160.000 работници и што чекаат е главното прашање“, вели Трендафилов.
Според него, само заеднички може да се дојде до повисока минимална плата.
„Во Влада викаат дека само пет / шест луѓе од ССМ бараат зголемување на минималната плата, дека другите не бараат и дека од тоа произлегува дека не им треба зголемување на минималната плата и они за тоа не даваат, односно оние кои живеат добро (функционерите, политичарите, газдите и експертите) се против зголемување на минималната плата, односно, Владата и газдите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра, па како мислиш да се избориш да се зголеми :
1. Со протест / со штрајк
2. Без протест / без штрајк
3. Со помош на магија / верба во Владата и газдите
Тие имаат изговор да не дадат, но кој е изговорот на 169.082 работници да не бараат и зошто чекаат друг да се бори за нивната плата да се зголеми на 500 евра“, напиша тој на Фејсбук.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...





