КАКО МОЖЕ ОСУМ ГОДИНИ ДА ИСПЛАЌААТ ТУЃА НЕГА НА ПОЧИНАТО ЛИЦЕ - Граѓаните се соочуваат со „чудни“ проблеми
Објавено во: Македонија 01 Април, 2023
Какви се шансите институтциите да продолжат да префрлаат средства на нечија сметка и по неговата смрт. Каде „заглавиле“ информациите и како ваквите пропусти се исправаат?
На социјалната мрежа „Фејсбук“ еден сограѓанин се пожали дека иако неговата мајка починала дури пред осум години, од Министерството за труд и социјална политика продолжиле да исплаќаат средства за туѓа нега.
Тој потенцира дека средствата ги блокирала банката, но се прашува како е ова можно и тоа цели осум години. Постот е објавен во групата „Правни искуства...правни проблеми“.
Фото: Принтскрин/Фејсбук