Топ пет задачи за Нина Ангеловска како министер за финансии
Објавено во: Економија 02 Септември, 2019
Фактор објави текст минатата недела во кој го анализиравме работењето на нејзиниот „Групер“.
Ако го пресликаме „Групер“ во јавниот сектор каде што Нина ќе треба да се бори со многу крокодили значи ќе треба: да ја мотивира армијата административци да работи рационално и да ги цени парите што ги зема или да се проба на пазарот на труд, вгодина да ни понуди историски прв помал буџет, да го запре растот на долгот, да ги дигне капиталните инвестиции и да воведе конкурентност во нашата економија.
Ангеловска е млада амбициозна жена коосновач и косопственик на трговска платформа позната како „Групер“ која посредува на продавачи на стоки и услуги и ги прави подостапни за клиенти.
Фирмата сопственик на „Групер“ се вика „Вебспот“ ДОО и лани имала приходи од 373.000 евра, а направила добивка што надминува 100.000 евра.
Имено Ангеловска вели дека ќе се вложува во проекти кои ќе донесат економски раст и ќе ја намалат невработеноста.
Може ли Нина Групер да стане нашата Евита Перон?
Читајте и ... Со фитнес ослободува стрес, трчањето ѝ е страст: Која е Нина Ангеловска, идната министерка за финансии