06 Мај, 2024
0.0245

Може ли Нина Групер да стане нашата Евита Перон?

Објавено во: Економија 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Добивката на „Групер“ лани пораснала за 81 отсто затоа што приходите пораснале за 24 отсто, а расходите само за 8 отсто. Ако го пресликаме „Групер“ во јавниот сектор каде што Нина ќе треба да се бори со многу крокодили значи ќе треба: да ја мотивира армијата административци да работи рационално и да ги цени парите што ги зема или да се проба на пазарот на труд, вгодина да ни понуди историски прв помал буџет, да го запре растот на долгот, да ги дигне капиталните инвестиции и да воведе конкурентност во нашата економија. Така Нина ќе стане нашата Евита Перон.

Нина Ангеловска, е млада амбициозна жена коосновач и косопственик на трговска платформа позната како „Групер“ која посредува на продавачи на стоки и услуги и ги прави подостапни за клиенти. Фирмата сопственик на „Групер“ се вика „Вебспот“ ДОО и лани имала приходи од 373.000 евра, а направила добивка што надминува 100.000 евра.

„Вебспот“ е компанијата што расте и се заминава со електронска трговија. Можеби е број еден домашна компанија која работи на овој принцип, а тоа е да ги направи услугите и производите на производителите и продавачите на што поголем број клиенти и при тоа ги користи електронските алатки и канали за комуникација, а тоа се мејловите и социјалните мрежи. Компанијата лани книжи раст на приходите од 24 отсто и тоа го остварува со раст на расходите од само 8 отсто. Што мора да се признае дека е успешен бизнис модел креиран токму од идната министерка за финансии Нина Ангеловска.

Нина водела фирма со 12 вработени. Ја водела успешно. Нејзината добивка лани надминала 100.000 евра, а во споредба со 2017 година таа пораснала за 81 отсто. Навистина експлозитен раст на добивка што е последица на солиден раст на приходи со многу низок раст на расходите. Ќе биде ли растот на „Групер“ жртва на заминувањето на Нина?

Ќе се снајде ли Нина како полнач и чувар на државната каса? Очигледно е дека нема искуство во управување со јавните финансии. Сфера која има огромно влијание врз макроекономијата, реалната економија со оглед на тоа дека државата е најголем купувач на стоки и услуги, врз банкарскиот сектор со оглед на тоа дека државата е најголем заемопримач, а од друга страна и најголем купувач на услуги и стоки кои фирмите добавувачите ги финансираат со кредити од истите банки кај кои се задолжува државата. Од друга страна Нина ќе мора да го креира, да го брани буџетот од мегаломанските амбиции на партиски поставени министри меѓу кои има такви кои секогаш бараат повеќе пари. Нина ќе треба да се справи и со државниот долг и неговото менаџирање. Ќе може ли Нина како човек од реалната економија да наметне политика на помали оптоварувања на фирмите кои го полнат буџетот? Ќе може ли Нина да каже не и да го одбрани ставот пред министри, а понекогаш и пред вицепремиерот Анѓушев, па и пред премиерот Заев? Како што тоа го правеше Тевдовски?

Ќе може ли Нина да наметне политика за зголемување на рационалноста на работење на бројната државната администрација армија која не е ефикасна, а троши директно на плати и трошоци за оперативно работење барем половина од буџетските ресурси? Че успее ли заедно со министерот Манчевски да ја организира таа партиска администрација да го подобри квалитетот на услугите и да ги рационализира трошоците? Ќе и требаат многу нерви и трпение...

Ќе ја полни ли навреме и во планираните износи државната каса? Ќе им дише ли во врат на Царина и на УЈП? И на крај ќе успее ли да најде начин или „квасец“ за фамозните капитални инвестиции? Ќе може ли да им помогне на Сугарески, Анѓушев, Бектеши и другите министри од кои се очекува да ги „одлепат“ капиталните инвестиции реално да го направат тоа?

Ќе ја паметиме ли Нина како прв министер за финансии кој предложил помал буџет за идната година од тековниот?

Е Нина , Нина каква работа те чека... За почит е тоа што кажала да и се нафатила особено сега на една година или малку повеќе пред избори. Веројатно некои други претходно одбиле, тактички, водејќи се од лични интереси и политички моментум.

Само една споредба. Кој памети и се сеќава знае дека Никола Груевски беше на исти години кога го доби на водење ресорот со најголемо значење за виталноста на државата. Овде нема да го коментираме профилот на премиерот Груевски и неговиот политички багаж. И по министерот за финансии Груевски фрлаа дрва и камења или се смееја. Но, тој направи едно чудо реформи за две години. На крај признанието дојде од УСАИД, државна агенција на САД, која посредуваше Груевски да стане советник на тогашниот српски министер за финансии за спроведување реформи во фискалниот корпус и макроекономијата.

Заради тоа, да и дадеме шанса на Нина!


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години