05 Декември, 2025
0.0455

Како одеднаш проработе сомничавоста и критичкиот ум кај првиот антикорупционер?

Објавено во: Анализа 03 Март, 2018 14:56

Добивај вести на Viber

Антикорупциската комисија да работеше на принципот на теории на заговор за злоупотреби во државната управа досега ќе имаше најмалку десетина успешно затворени предмети. Сепак, критичкиот им и сомничавоста на првиот антикорупционер проработи токму кога под напад се најде неговата институција, односно кога за корупција постојат сомнежи кај државното тело кое треба да биде предводник во борбата со корупцијата. 

Тантуровски повторно потврди во вчерашното гостување на ТВ24 дека нема намера да поднесе оставка затоа што објавата на ревизорскиот извештај му излгедала на заговор против работата на Комисијата за спречување на корупцијата бидејќи тие многу биле ангажирани во многу тешки предмети. 

-80 отсто, да не речам 100 отсто од информациите во објавениот извештај од ревизијата се неточни и извадени од контекст. Членовите на Антикорупциската комисија земале патни трошоци според Закон изгласан во Собранието. Во ист ден портал објавува, во ист ден Јавното обвинителство отвора истрага. Зарем тоа не звучи како заговор?, праша Тантуровски.

Сепак, јавноста не е толку лековерна да паѓа на евтини обиди за себеискупување и да поверува дека се одвива тежок службеничко-новинарски заговор ете токму ова раководство на Антикорупциска да биде жестокот нападнато и прозвано во медиумите. Веќе видовме една лоша епизода со членовите на ДИК за кои требаше американскиот амбасадор да открие дека си поделиле екстра бонуси за работењето на затворена седница далеку од очите на јавноста. Тогаш огромниот притисок беше клучен за ДИК да се самораспушти и да вети дека доделените бонуси ако ништо друго ќе ги донира за хумани цели. 

Од ревизорскиот извештај е откриено дека членови на ДКСК вршеле злоупотреби на сметките за патувања, како и за надоместот за станарина со што добивале екстра пари од буџетот, пари кои се колективно собрани од народот, од сите буџетски корисници. Законските решенија уште еднаш покажуваат колку е лесно државните службеници наместо да го штитат јавниот интерес да работат за лична корист и за наоѓање начини за дополнително „цицање“ на јавни пари, па уште и немаат доволно доблест да се соочат со критиките и сомнежите на јавноста на вистински начин, како луѓе кои треба да бидат свесни дека се платени од граѓаните што значи дополнително ставање под лупа на сите нивни потези и одлуки. 

Дури и антикорупционерите целосно да постапувале законски и да не направиле никаква посериозна грешка треба да се стави на увид што се досега сработија во нивниот мандат. Обвинувања за корупција во СЈО има еден тон, секако тие се засега врз база на основано сомневање, но зарем ниту еден од тие случаи не ги заинтересирал антикорупционерите барем малку да посегнат по своите службени овластувања и да си ја завршат зададената задача. 

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?