25 Ноември, 2024
0.0280

Како одработи „Тиквеш“ во корона - време

Објавено во: Економија 15 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Добивка има, иако е преполовена во однос на претходната година, но тоа е солиден резултат во „корона криза“ за компанија која е директно изложена на малопродажба и особено на продажба во угостителски објекти. Приходите од продажба се намалени за 14 отсто, во што поголемо учество има падот на домашниот пазар за 20 отсто. „Тиквеш“ лани ја одложил отплатата на долгорочните кредити, а во структурата на трошоци му растат услугите со карактер на материјални трошоци, а драстично паѓаат трошоците за суровини

Приходот од продажба на најголемата македонска винарија лани падна за 14 отсто и тоа е белегот на „корона кризата“ врз продажбата на „Тиквеш“. Лани од продажба најголемата домашна винарија остварила 24,5 милиони евра. Паѓаат приходите од продажба дома како и на странските пазари, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех.

Во вкупното намалување поголемо учество има продажбата на домашниот пазар што секако во позначајна мерка е резултат на карантинот, полицискиот час во вториот квартал и рестрикциите во работата на угостителските објекти.

На македонскиот пазар „Тиквеш“ лани продал вина и ракија вредни 13,2 милиони евра што е за 20 отсто послабо од 2019 година. На странските пазари извозот на компанијата и донел приход од 11,2 милиони евра што е за 6 отсто послабо од претходната споредбена година.

На страната на расходите лани најзначајни се трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат 9,55 милионие евра што е за 25 отсто помалку од претходната година. За вработените друштвото издвоило 2,3 милиони евра што е 12 отсто помалку од 2019 година, а услугите со карактер на материјални трошоци изнесуваат 4,2 милиони евра и се за 9 отсто повисоки од 2019 година. Оперативната добивка на оваа компанија лани изнесува 1,4 милиони евра и е за 61 отсто пониска од претходната година.

Значајно намалување „Тиквеш“ лани остварил кај финансиските расходи. Тие изнесувале 131.000 евра и во однос на претходната година се помали за 75 отсто. Според образложението на компанијата кон финансиските извештаи тоа намалување всушност се должи на одложена наплата на долгорочните кредити на друштвото. Финансиските приходи лани изнесуваат 46.000 евра и се зголемени за 48 отсто.

Нето добивката на друштвото лани изнесува 1,1 милиони евра што е преполовен профит од 2019 година.

На страна на билансот на состојба најзначајни промени има кај следниве индикатори: побарувањата од купувачи на „Тиквеш“ се зголемени за 23 отсто и на крај на 2020 година достигнале 10 милиони евра, а краткорочните вложувања пораснале за 2,35 милиони евра што е за 50 отсто повеќе од 2019 година. Вкупните обврски на друштвото на крај на минатата година биле 18,2 милиони евра што е за 5 отсто помалку од претходната година.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите