Дали олигархијата во Македонија и дефинитивно ја уништи средната класа?
Објавено во: Анализа 05 Април, 2013
„Ова е фрапантен податок ако се спореди со останатите земји во регионот, и тоа треба да не загрижи, бидејќи не става на рангот на една Грузија. Во Македонија 20% од најбогатото население учествува со 49 % од вкупниот доход, додека во Србија тој процент е 37, вели универзитетскиот професор Драган Тевдовски.Паралелата покажува дека во 2009 година, најбогатите 20% располагале со 49% од вкупниот доход, додека најсиромашните 20% од населението, располагале со 5% од доходот во земјава. Во 1998 година 20% од најбогатите поседувале 37 % од вкупнииот доход, а тој процент низ годините постепено се зголемувал. Па така во 2002 година поседувале 45,2%, во 2005 година 45,3 %, а веќе во 2009 година поседуваат 49% од вкупниот доход. Овој нагорен тренд кај најбогатото население, оди паралелно со намалување на доходот кој го имаат 20% од најсиромашното население. Па така во 1998 година 20% од најсиромашното население во земјава поседува 8,5 % од вкупниот доход, а веќе во следните години се забележува намалување на овој процент, или во 2002 година поседуваат 6% од вкупниот доход, во 2005 година 5,8%, а веќе во 2009 година тој процент е намален на 5% од вкупниот доход. Овие показатели укажуваат дека една мала елита од година во година се повеќе се збогатува, додека останатиот дел од населението има намалување на животниот стандард. Уште посериозни се показателите за распределбата на доходот кај 10 проценти од најбогатото и 10% од најсиромашното население. Според овие податоци, 10% од најбогатото население во 1998 година поседувало 22,1 % од вкупниот доход во земјава, во 2002 година - 29,3%, во 2005 година - 28,9% , а веќе во 2009 година поседувало 32,4% од вкупниот доход. Наспроти овој раст кај најбогатите, кај најсиромашните трендот е надолен. Па така во 1998 година, 10% од најсиромашните поседувале 3,26% од вкупниот доход, во 2002 година - 2,39%, во 2005 година - 2,32%, а веќе во 2009 година поседувале едвај 2,03% од вкупниот доход. За драстичното осиромашување на населението пред се клучни се неколку фактори „Се форсира неолибералната идеологија која значи максимално форсирање на флекисбилен пазар на труд со што се кратат работнички права, а се даваат поволности на компаниите. Од друга страна се форсираат рамни даноци, а сето тоа не се поддржува со адекватни погодности на останатиот дел од населеението и заради тоа тие 80 проценти се повеќе осиромашуваат. Таа неолиберлна идеологија би била добра ако ја зголеми продуктивноста, но кај нас не е така бидејки кај нас постои политичка елита која што целиот систем го искривува и насочува кон себе и заради тоа имаме постојано осиромашување на граѓаните за сметка на зголемување на богатството на мал број на луѓе, вели Тевдовски. Тој посочува дека главна работа не е да се има програма во милион чекори или во сто чекори, туку да се смени една работа, а тоа е да не и се дозволи на таа политичка елита да не и се доволи да гио искривува системот.
„Денеска во економијата не е важно дали ќе дадете пониски каматни стапки или ќе обезбедите повеќе кредити кога секогаш ќе постои една политичка елита која ќе може да направи некој со поинакви очила да ги гледа бизнисте во судовите, ќе може да затвори бизниси многу лесно иако тие се успешни“, потенцира Тевдовски.Универзитетската професорка Шенај Хаџимустафа, пак смета дека дополнително загрижуваат податоците според кои во 2010 година 20% од најсиромашното население троши 4% од вкупно употребените средства во земјава, додека пак најбогатите 20% од населението трошат 50% од вкупно употребените средства во земјава.
“Податоците покажуваат дека во 2003 година 20% од најсиромашното население трошело 8% од вкупно употребените средства во земјава, а како минувале годините се намалувал тој процент, па така веќе во 2010 година, најсиромашните трошат едвај 4% од вкупно употребените средства во земјава. Наспроти тоа пак 20% од најбогатото население во 2003 година трошело 33% од вкупно употребените средства, но со годините се зголемувала и нивната потрошувачка, па така во 2010 година, тие потрошиле 50% од вкупно употребените средства, вели Хаџимустафа.Од табелата се гледа дека средната класа, со текот на времето се топи, (што може да се види од 2 до 4 квинтил во табелата), кои од 2003 наваму имаат се помало учество во трошењето на вкупните средства во земјва. Средната класа ( ако се изостават 20% најсиромшаното население и 20% најбогато население) во 2003 година учествувала со 59% од вкупно употребените средства во земјава, додека пак веќе во 2010 година средната класа учествувала со 45% од вкупно употребените средства. Наташа Стојаноска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.