05 Декември, 2025
0.1238

Како по навика, на ВМРО ДПМНЕ секогаш му е крив Заев

Објавено во: Анализа 26 Мај, 2018 10:22

Добивај вести на Viber

„СДСМ продолжува со политичкиот прогон во Македонија. Зоран Заев се обидува да ја покрие катастрофата со нарачани судски пресуди. Судството е заробено...“

Секој ден исти соопштенија, жалби, поплаки.

Така и утринава. Од адресата на ВМРО ДПМНЕ упатија нови критики до првиот човек на Владата.

Го цитирам утринското соопштение:

„СДСМ продолжува со политичкиот прогон во Македонија. Правната држава е укината, а политичките пресуди станаа секојдневие. 
Додека Зоран Заев и СДСМ ја пустошат Република Македонија судот слепо извршува политички нарачки.

Судот стана партиска експозитура на Заев и СДСМ. Правосудството не го интересираат ниту аргументи, ниту докази ниту факти туку слепо извршување на партиската задача на Заев.

Додека политичките неистомисленици на Заев секојдневно се малтретираат и им се изрекуваат драконски затворски казни, самиот Зоран Заев беше ослободен од барањето за поткуп каде сведок беше целата македонска јавност. Беше ослободен како што беа ослободени и обвининетите од Монструм и Сопот.

Судот и Зоран Заев го прават целиот македонски народ слеп и глув за криминалите на овој човек“.

Дали опозицијата заборави што се случуваше со судството додека таа беше на власт? Не беше партизирано? Државата не беше за некој мајка, за друг маќеа? Не се правеа нарачки? Не лежеа ли невини по затвори? Нели се притворуваа неистомисленици и тоа пред очи на децата,на јавноста?

Очигледно некој живее во паралелен свет. Некаков измислен. Нереален. Каков сака нека се нарече. Факт е дека во животот се е бумеранг. Еднаш си горе, утре може да бидеш долу и да се валкаш во кал никогаш не помислувајќи дека кога тогаш нештата се менуваат...

Дали и какво е судството во моментов нема да коментираме, ќе оставиме челниците на тие институции кои треба да делат правда да се докажат дека не работат за ничиј интерес и дека ќе ја следат вистината. 

Доколку одлучат да не ги променат работите и да тргнат по нов пат тогаш дефинитивно нема да се оправиме и ќе бидеме земјата на чудата каде народот трпи и трпи.. но, знајте дека се во животот има граници и рок на траење .


И.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?