Како помина разговорот меѓу Заев и Румен Радев?
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021
Jасната европска перспектива на Македонија е од големо значење за Бугарија и нејзиното конкретно остварување е во прилог на заедничката иднина на двете земји во ЕУ, се согласија премиерот Зоран Заев и бугарскиот претседател Румен Радев.
Заев на средбата изјави дека градењето на пријателството меѓу братските народи на двете земји е обврска на лидерите кои пред себе треба да ја имаат перспективата на младите.
Истакнато е дека посетата на делегацијата на Владата на Македонија во Бугарија на највисоко ниво е од исклучителна важност и се случува во момент кога силната динамика на контактите и дијалогот е од огромна важност за односите меѓу двете земји.
Заев се сретна и со бугарскиот колега Стефан Јанев. Инаку, по денешната средба, премиерот Зоран Заев изјави дека денеска со Јанев разговарале за билатералните односи и имале пријатен разговор со премиерот Јанев.
Според него, наша обврска е да работиме и да пронајдеме решение.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.