20 Декември, 2025
0.0713

Како пресуди судот за дедото на Тамара кој пукаше во Тодоров?

Објавено во: Македонија 11 Април, 2018 19:02

Добивај вести на Viber

Дедото на малата Тамара од Велес, Љупчо Стојановски,  призна дека незаконски го поседувал оружјето кое го вперил кон поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Стојановски доби условна казна затвор од 2 години за ова дело, а нема да ги одлежи доколку 5 години не стори кривично дело.

Стојановски не призна вина за обидот за убиство и за ова дело почна одвоен судски процес. Адвокатката на Стојановски, Павлина Зефиќ кажа дека дедото на Тамара немал намера да пука кон Тодоров, туку целта била да го искористи настанот – примопредавање на функцијата во Министерството во здравство на кој знаел дека ќе има и медиуми и да испрати порака до државните власти дека треба да обезбедат услови за живот на сите болни деца.

Во текот на судскиот процес ќе се обидат да докажат дека пиштолот испукал кога некој од присутните му ја турнал раката на Стојановски.

На денешното рочиште сведочеше и шоферот на Тодоров и двајца членови на обезбедувањето на екс министерот.

Следното рочиште е закажано за 18 месецов, кога треба да сведочат таткото и братучетката на Тодоров. Тие разговарале со дедото на Тамара на 1 јуни минатата година кога тој го барал Тодоров дома. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки